Милосрдието треба да биде вкоренето во срцата на луѓето

Милосрдието треба да биде вкоренето во срцата на луѓето

Сите се повикани да станат сведоци на Божјото милосрдие – рече папата Фрањо, примајќи ги на 10 март 2018 година членовите на здружението „Извор на милосрдието“, швајцарска католичка организација од франкфонскиот дел на таа земја, која промовира живот со духовност и молитва за милосрдие. Свртувајќи внимание на Апостолското писмо „Misericordia et misera“, Светиот Отец напомена дека сме повикани да промовираме култура на милосрдие, која е втемелена на повторното откривање на средбата со другите, култура во која никој не сака рамнодушно да гледа на другиот, ниту пак ќе го сврти погледот кога ќе види браќа и сестри како страдаат.

Папата ги потсети членовите на заедницата на нивната обврска на прифаќање и придружување во своите „училишта на молитва“ како и на братска формација.

Светиот Отец ги поттикна на постојана молитва, во спознание дека преку срдeбата срце кон срце со Господ повторно се раѓаме во жива вода на неговото милосрдие. По светотаинскиот живот и ве можете да станете сведоци на Божјото милосрдие, што воедно е повик до сите да ја препознаат убавината и радоста да се биде љубен од Бог – рече на крјот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот