Папата Фрањо во понеделник 18 ноември 2019 година во Ватикан ги прими учесниците на средбата посветена на Документот за човечко братство
Во денешниот несигурен свет дијалогот меѓу религиите не е знак на слабост, затоа што верниците се фактор за мир во човечките општества – истакна папата Фрањо примајќи ги во Ватикан учесниците на средбата посветена на Документот за човечко братство за мир во светот и заеднички живот, кој во февруари оваа година во Абу Даби го потпишаа папата Фрањо и Големиот има на Ал – Азхар, Ахмад Ал – Тајеб. Средбата ја организира Аргентинскиот институт за меѓурелигиски дијалог.
Во своето обраќање папата Фрањо истакна дека текстот од Документот за човечко братско треба да се прошири и на американскиот континент. Братството е слоевита човечка реалност на која ѝ се потребни внимание и грижа, додаде Папата и поттикна на промовирање на пораката за братство во целата меѓународна заедница, поминувајќи од едноставна толеранција на вистински мирен заеднички живот. При тоа треба да се грижиме едни за други, негувајќи го братството кое не е теоретско, туку вистинско, и на тој начин да преовладува вклучувањето наместо пречките и поделбите – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк