Меѓународен ден на холокаустот: Папата потсетува на важноста на сеќавањето

Меѓународен ден на холокаустот: Папата потсетува на важноста на сеќавањето

Секоја година, на 27 јануари, на денот на ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, светот се сеќава на неискажливата драма на Холокаустот. Папата Фрањо, како и папата Иван Павле II. и Бенедикт XVI упорно потсетува на должноста за сеќавање „за оваа трагедија никогаш повеќе да не се повтори“.

Да се потсетиме на апелот што Папата ФранцФрањоиско го упати вчера на крајот од генералната аудиенција, во пресрет на 77. годишнината од ослободувањето на тој логор на смртта.

Неопходно е да се потсетиме на истребувањето на милиони Евреи и луѓе од различни националности и вероисповеди. Оваа неискажлива суровост никогаш не смее да се повтори! Апелирам до сите, особено до просветните работници и семејствата, да ја зајакнат кај новите генерации свеста за ужасот и мрачната страна на историјата. Не смее да се заборави, за да може да се изгради иднина во која повеќе нема да се гази човечкото достоинство,

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки холокауст

За авторот