Мајка Тереза – мајка на најсиромашните меѓу сиромашните

Сведочење на отец Лео Масенбург

Еднаш кога по неколку часа возење со воз се приближувавме кон станицата кај Шанти Нагар чуствував некаква несигурност. Како ќе реагирам на едно цело село со лепрозни? И реков на Мајка Тереза дека сум малку нервозен дека се чуствувам немирно и дека имам страв да го посетам стационарот на болните од лепра. Нејзиниот одговор беше: „Оче, таму ќе го сретнеш Исус во неговата најгрозна облека, како најсиромашен меѓу најсиромашните. Нашата посета ќе донесе радост, затоа што најстрашна беда е осаменоста и чуството дека не си љубен. Денес лепрата или туберкулозата не се најтешките болести,туку тоа е чувството дека си непосакуван“. Тоа ме потсети на еден друг збор од Мајка Тереза: „Во овој свет постои повеќе глад за љубов и почитување отколку глад за леб“.

Кога одевме со Мајка Тереза низ стационарот на лепрозните, една од болните жени со понапреден стадиум на болеста почна да пее со прекрасен глас. Таа сакаше заедно со другите болни со оваа песна да и се заблагодари на Мајка Тереза за целата нејзина грижа и љубов што ја донесе тука. Бев многу трогнат и почнав да разбирам зошто само од Бога исполнетите луѓе можат да бидат утешени со длабокиот копнеж кон љубовта – а не само со пари или со леб. (Превод о.Д.Т.)

Категорија: Сведоштва

За авторот

Write a Comment

<