Мартинез: Неопходно е заедништво засновано на Евангелието

Конгрегацијата за наука на верата упати до епископите писмо со наслов „Црква која се подмладува“, потпишано од папата Фрањо.

Во контекст на односите помеѓу хиерархиските и харизматските дарови треба да се разгледуваат теолошките и црковните фактори, чие сфаќање може да помогне за плодно и регулирано учество на новите здруженија во заедницата и посланието на Црквата, тоа е една од целите во писмото „Црква која се подмладува“ кое што Конгрегацијата за наука на верата ја упати го епископите, а го потпиша папата Фрањо.

Осврнувајќи се на неодамна објавеното писмо за „еднаквата важност“ на хиерархиските и харизматските дарови Салаваторе Мартинез претседател на движењето „Обнова во Светиот Дух“ во разговор за Радио Ватикан истакна дека даровите треба да се обединуваат, а не да се делат; даровите се надополнуваат во нив е вткаена димензијата на заедништвото. Папата Фрањо вели дека даровите хиерархиски и харизматски се засноваат на Крштението и дека треба да бидат во служба на црковното послание – вели Мартинез додавајќи:

Светот е простор односно живот на народот. Во светот, во народот треба да се види харизматската димензија каде што и хиерархиската димензија на Црквата е сфатена како служење. Документот „Црква која се подмладува“ вели дека е основно да се тргне од харизматското сфаќање на Црквата, но гледајќи го овој наш свет потребни му се благодатите и силата на Светиот Дух – рече Мартинез.

На забелешка дека некои сметаат оти докуметот може да го „поттикне“ Светиот Дух, рече дека не е исправно „дисциплинско“ читање на документот „Iuvenescit Ecclesia“. Денес е друг проблемот. Црквата сигурно треба да ја признае пророчката димензија меѓу лаиците и врховното независно делување на Светиот Дух во народот со кои Бог се служи преку овие дарови. Не е дискутабилно харизматското гледање на Црквата, туку каде тоа води и кои се потребите на нашето време? Понтификатот на папата Фрањо навистина длабоко погледна во реалноста на светот – заврши претседателот Мартинез.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот