Лагите за абортусот: Еве зошто измамените жени масовно ги убиваат своите деца
Токму како што првата жена Ева во рајот е измамена од змијата така и денес многу жени се измамени, но, навистина измамени. Светот им зборува: „Убиј го своето дете, нема да зажалиш“, а Исус им говори: „Не убивај го Божјото создание, не убивај дел од мене во себе. Во тој свет во кој господари лажливецот, на измамените жени токму како и на Ева во рајот им ги премолчува последиците кои следуваат по направеното убиство. Станува збор за длабоки рани и болка за цел живот кои ја чувствуваат многу мајки, болката чија цел е да ја одвои жената од Бог. Голем број на жени по направениот абортус не можат себе си да си го простат тоа дело, па се казнуваат и се рануваат носејќи го на себе товарот на смртта. Храбрите активисти платени од светот да ја спроведуваат лагата во дело, не ги спомнуваат последиците на абортусот. Тие не ги спомнуваат психичките и телесните трауми на жената, депресијата, бедата и бесмисленоста кои доаѓаат во нивниот живот по смртта на нивните деца. Тие продаваат чиста лага, а доказ за тоа се и резултатите од анкетата спроведена во САД, анкетата која ја покажала целата баналност на ова лага. Еве што кажале мајките зошто ги убиле своето дете со абортус.
74% од жените кажале дека бебето ќе им го промени животот
73% од жените кажале дека бебето е премногу
48% од жените кажале дека не би можеле во мир да ги пораснат своите деца
32% од жените кажале дека не сакаат деца
Помалку од 1% од жените се жртви на силување и инцест
Дали овие причини се доволни за мајката на сопственото дете да му го скрати животот, оставаме на вас да пресудите, но знајте дека не станува збор само за одземање на туѓ живот, туку со абортусот најчесто умира и мајката заедно со детето, доколку самата на себе во животот не си прости што направила. Многу мајки никогаш не си го простуваат направеното, а тоа непростување ги оддалечува од вистината, Исус Кој сака да ги излекува нивните рани и да им даде нов живот во Христос, во Неговото милосрдие.
„Емоционално бев руина. Се чувствував следниот ден празно, тажно, бев нема… Знаев дека направив огромна грешка. Со целото свое срце сакав да постапам поинаку.“ (Карие Камилери)
„Имав осумнаесет години кога останав бремена. Во третиот месец од бременоста го направив абортусот. Околу седум години подоцна моето срце се распука, бев толку многу обземена од тага. Како можев да го одземам животот на своето неродено дете?“ (Теванах Аман)
„Ми кажаа дека ќе бидам без свест околу осум минути и дека после тоа ќе се чувствувам малку непријатно. Ме излажаа, тоа уништи десет години од мојот живот.“ (Мае Абот)
Соња направила абортус и сега ги советува другите жени: „Немојте да го направите тоа. Жалењето заради неменливата одлука е како да гледаш тажен филм одново и одново и да се надеваш дека овој пат поинаку ќе заврши, но нема, никогаш. Како во песната на Витни Хјустон – немојте да го фрлите своето чудо!“ (Соња Каие)
„Бев измамена не ми беше кажана вистината за тоа што значи абортусот за животот на нероденото дете. Не ми кажаа дека во десетата недела од бременоста во која бев јас кога абортирав моето дете веќе е потполно формирано. Ме уверуваа дека правам нешто потполно природно како одење на заболекар заради чистење на забот.“ (Стефани Вилјамс)
„После првиот абортус бев депресивна Развив луд карактер и станав многу насилна. После вториот не забележав никаква промена. Кога го направив по трет пат моето самопочитување веќе навистина беше ниско, а после четвртиот станав исклучително промискуитетна и имав нагон за самоуништување. Со текот на годините со секој абортус станував се подепресивна, а потоа го сретнав Исус. (Сесилија Гомез)
„Машината за вшмукување се вклучи предизвикувајќи огромна болка. Бев исплашена, толку силно ме болеше. Сакав да врескам. Сакав да престане. Оддеднаш сфатив дека бебето е внатре. Го убиле моето дете!“ (Михаилин Џенкинс)
Многу мајки наседнале мислејќи дека е доволна причина што бебето е премногу скапо, дека и го одзема животот, но не размислувале за цената која лажливецот ќе ја наплати после тоа дело. Тој ќе се обиде да го одземе животот од мајката со вината и срамот и нема да ѝ дозволи да се соочи со Исус во светата Тајна Помирување. Да, абортусот е една голема и грозоморна измама која ги наведува мајките без грижа на совест да одземаат животи, но после тоа дело светот се повлекува и мајката останува сама со својата болка, сѐ додека не го повика Исус во својот живот! Исус Кој веќе и простил, Кој љуби и ја лекува секоја рана! Ширете ја вистината за абортусот, бидејќи милиони деца како и нивните мајки заради најобична лага остануваат без живот!
Зринка Касапиќ/дневно.хр/к.мк