Крштението е врата на верата во христијанскиот живот
На Генералната аудиенција на 13 ноември на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец во катехезата говореше за членот од символот на верата: „Исповедувам едно крштевање за простување на гревовите.“ Тоа е единствено повикување на Светата Тајна Крштение во символот на верата. Навистина, крштението е „врата“ на верата во христијанскиот живот. Воскреснатиот Исус на апостолите им даде заповед: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. (Марко 16, 15-16).
Посланието на Црквата е навестување на Евангелието и по светата тајна Крштение, простување на гревовите – рече Папата и истакна дека членот може да се подели на три дела: „исповедам“; „едно крштение“; и „за простување на гревовите.“ Толкувајќи го зборот „исповедам“, папата Фрањо рече дека ја означува важноста на крштението. Изговарајќи го тој збор, го потврдуваме својот вистински идентитет – деца Божји. Крштението е во извесна смисла посебна легитимација на христијанинот, негов „извод на родените.“ Тоа е „извод на родените“ и на Црквата – додаде Светиот Отец, и праша дали се сеќава некој кога е крстен; на своето второ раѓање? Бидејќи тогаш се раѓаме во Црквата. Кога ќе одите дома прашајте ги своите кога сте крстени за да му заблагодарите на Бог, бидејќи со крштението ни ја отвори вратата на својата Црква – поттикна папата Фрањо.
Крштението исто така е поврзано со верата во простување на гревови. Светата Тајна покора или помирување всушност е второ кршение, кое го зацврстува и обновува првото. Во таа смисла крштението е почеток на патот кон Бог, кој трае цел живот, пат на преобраќање додека светата тајна Исповед постојано го подржува – рече папата Фрањо, продолжувајќи спонтано да говори.
Да размислиме за ова: кога ги исповедуваме своите слабости и гревови, бараме од Исус простување; но дали со простувањето сакаме да го обновиме своето крштение?, е тоа е многу убаво. Исповедта тогаш не е мачење, туку прослава на крштението. За крстените исповедта е белата облека на своетот христијанско достоинство да ја сочуваме чиста – објасни Светиот Отец.
Говорејќи пак за вториот дел од членот: „едно крштение“, рече дека тој израз нѐ потсетува на еден израз на свети Павле: „Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето“ (Ефесјаните 4,5). Зборот крштение буквално значи потопување; по светата Тајна навистина се остварува духовно потопување – во што? Во базен? Не, туку во Христовата смрт. Крштението е духовно потопување во Христовата смрт, од каде со Него воскреснуваме како ново создание (Рим 6,4) Станува збор за повторно раѓање и просветлување. Повторно раѓање, бидејќи се раѓаме од вода и Дух, (без кое) не може да влезе во царството Божјо (Иван 3,5). По крштението се остварува просветлување, бидејќи човекот се исполнува со Христовата милост „вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек“ (Иван 1,9). Затоа на родителите за време на обредот при крштението им се дава запалена свеќа, како знак на тоа просветлување. Крштението од внатре нѐ осветлува со Христовото светло, заснован на тој дар христијанинот е повикан да биде светло, светло на примената вера, светло за браќата, посебно на оние кои се во темнина, кои не гледаат светло на видикот на својот живот – објасни Светиот Отец.
Прашувајќи што е за нас крштението: минат чин или жива сегашна реалност и ја чувствуваме ли силата која Христос по својата крв и воскресение ни ја даде во крштението? Папата потикна на размислување за крштелната милост за да бидеме светло за сите луѓе.
На крајот Светиот Отец се осврна на третиот дел од членот: „за простување на гревовите“. Во светата Тајна крштение се разрешуваат сите гревови; источниот и сите лични гревови, исто така и казните за гревовите. Со крштението се отвара врата за нов живот, кој не е оптеретен со негативното минато, туку е украсен со убавината и добрината на Небесното Царство. Станува збор за моќна спасоносна интервенција на Божјото милосрдие во нашиот живот. Тој спасоносен зафат не нѐ лишува од нашите слабости – сите сме слаби и сите сме грешници – ниту нѐ ослободува од одговорноста да бараме простување секој пат кога ќе згрешиме – објасни Светиот Отец.
Ова е убаво: повеќе пати не можам да се крстам, но можам да се исповедам, а кога одиме на исповед ја обновуваме крстната милост, како повторно да се крстам. Господ Исус е толку добар што никогаш не се изморува да ми простува. Не заборавајте дека крштението ни ја отвора вратата на Црквата. Но кога поради нашите слабости и нашите гревови не е целосно отворена, Исповедта повторно ја отвора, бидејќи тоа е како повтроно крштение сѐ ни се простува и нѐ просветлува Христовото светло – заклучи Светиот Отец. Вистинска битка се води за живот, а не за смрт – рече Светиот Отец на завршувањето на Генералната аудиенција мислејќи на трагичниот атентат во Дамаск, во кој загинаа две деца и на филипинската трагедија.
Молам, никогаш нека не се повтори таа трагедија. Ревно да молиме! Овие денови да молиме и да ги обединиме силите да помогнеме на своите браќа и сестри на Филипините, на настраданите од силниот тајфун. Овие се вистински битки кои треба да се водат. За живот! Никогаш за смрт! – рече папата Фрањо.
РВ/ Д.И.