На Велики Петок Крстен пат низ улиците на Радово
Радово, 10 април 2015- /к.мк/- Во парохијата Свети Пророк Илија во Радово преку целиот Велигденски (Велики) пост се моли Крстен пат. Од 2008 година завршниот Крстен пат за Велигденски пост на Велики петок се моли по улиците на Радово и тоа се молат сите постојки распоредени на 748 метри колку што се верува дека траела Калварија на Нашиот Господ Исус Христос до Голгота.
И на овогодишниот Крстен пат учествуваа сите членови на парохијата и бројни верници од околните места. Крстниот пат заедно со свештениците го организираа младите од Радово, со сопствено учество и учество на цели семејства во носењето на постојките.
к.мк/з.и.с.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија