Крстен пат на Колосеумот
Традиционалната побожност Крстен пат на Велики Петок навечер во Колосеумот и ова година го предводеше папата Фрањо. Медитацијата „Крстот, сјаен врв на љубовта Божја кој нè чува. Повикани сме и ние да бидеме чувари од љубов“ ја состави епископот во мирување Новаро Ренато Корти.
На побожноста беа присутни повеќе од десетици илјади луѓе.
Првиот крст го носеше Папскиот викар за Римската бискупија кардинал Агостино Валини, а крстот потоа го носеа верници од Египет, Ирак, Кина, Нигерија, Сирија, една жена во инвалидска количка, повеќечлено семејство, монахињи од Ирак и Латинска Америја и фрањевци од Кустодијата во Светата Земја.
Размислувањата на монсињор Корти го даваат гласот на Исусовите чувства и мисли; тоа ќе биде како да го слушаме Христос на патот кон Голгота. Меѓусебни се поврзани постојани потсетувања на љубовта на Бог која ги чува луѓето; на љубовта која е дар и која доаѓа посебно од раснатиот Исус. Пред таа љубов сме повикани да бидеме чувари на светот и на секој човек. Во Исус на крстот може да се препознаат заробените мажи и жени, осудени или варварски убиени затоа што се верници или затоа што се заземаат за праведност и мир. Во жалоста и вознемиреноста на Христос Кој оди кон смртта можат да се препознаат душите кои ги ранува осамноста, напуштеноста, рамнодушноста или болеста. Во трпењето на Бог Кој стана човек се наоѓа сето она што денес го ранува: омразата, лагата или каменото срце. Трогателна е сцената на понижениот Исус од Кој ја соблекуваат наметката, споредено со трговијата со човечки битија, со состојбата на децата-војници, со ропството и злоупотребата на децата.
Во размислувањата не недостасуваат ниту мислите за жените, за нивното присуство во Црквата и за Марија мајката на главниот лик во драмата на Голгота на која треба да и го довериме денешното семејство и следната синода која е посветена на тоа. Овде се и прашањата кои ја поттикнуваат суровоста на која Христос е поставен: зошто сеуште има мачење, смртна казна, насилство? Текстот на размислувањата е збогатен со духовната порака на Шахбази Бахати, списите од некои црковни оци, Џовани Батиста Монтини и Карло Марија Мартини, а збогатен е и со низа цитати од Светото Писмо. По четиринаесете постојки, завршната молитва ја молеше папата Фрањо.
Твојот ‘Via Crucis’ е резиме на Твојот живот и слика на Твојата послушност на волјата на Отецот и остварување на Твојата бескрајна љубов кон нас грешниците. Тежината на Твојот крст нè ослободува од сите наши товари. Во Твојата послушност на волјата на Отецот го спознаваме нашето спротивставување и непослушност. Распнат си од својот народ, а ние се сеќаваме на нашите секојдневни предавства. Во Твојата невиност ја спознаваме нашата вина, рече Папата. Потсети дека Исусовото осакатено тело е плод на нашите гревови, додека во Неговата осаменост се сеќаваме на сите напуштени од нивните семејства, општеството, а Исусовото прободено срце на крстот ни дава да ги видиме телата на нашите браќа напуштени и измачени по патиштата како плод на нашата незаинтересираност и нашата рамнодушност.
Во Твојата жед ја гледаме жедта на милосрдниот Отец Кој сака да прифати, да прости и да го спаси целото човештво. Во Тебе, Божествена љубов и денес ги гледаме нашите прогонувани браќа, обезглавени и распнати заради нивната вера во Тебе. Оживеј го Господи во нашите срца чувството на верата, надежта, љубовта, болката заради нашите гревови и дади да се покаеме за нашите гревови кои Те распнаа. Исусе распнат зацврстувај ја нашата вера да останеме подалеку од искушенијата. Оживеј ја во нас надежта да не се изгубиме следејќи ги задоволствата на светот. Чувај нè да не нè заведе корупцијата во световноста. Поучи нè дека крстот е патот до воскресението. Поучи нè дека Велики Петок е патот до светлината на Воскресението. Поучи нè Бог никогаш да не заборови било кое од своите деца и да не се изморува да ни простува и да нè прегрне во своето бескрајно милосрдие, поучи нè никогаш да не се измориме да бараме прошка и да веруваме во безграничното милосрдие на Отецот, рече папата Фрањо.
По благословот на верниците поттикна, „да се вратиме во своите домови со сеќавање на Исус, на Неговата мака и Неговата голема љубов, со надеж во Неговото славно воскресение.“
РВ/Д.И.