Папата повторно војната ја нарече „лудило“

Папата повторно војната ја нарече „лудило“

Папата Фрањо се моли за мир за украинскиот народ кој веќе шест месеци страда од воените стравови. Војната повторно ја нарече „лудило“ и се присети на бројните украински и руски сираци. Го повика светот да се присети и на жртвите од војната во Сирија, Јемен и Мјанмар.

На крајот од Генералната аудиенција во среда 24 август 2022 година папата Фрањо го обнови својот повик на молитва за Господовиот мир за „саканиот украински народ кој шест месеци – до денес – ги трпи стравовите на војната.“

Потсети на опасната ситуација во нуклеарната централа во Запорижје и побара да се преземат конкретни чекори за да се спречи опасноста од катастрофа. Папата се присети на сите воени заробеници, истакнувајќи дека му се блиски на срцето, посебно на оние во чувствителни услови, замолувајќи ги меродавните власти да се заложат за нивно ослободување.

Посебно се присети на бројни деца кои загинаа, како и на многуте бегалци, ранети и деца кои станаа сираци, без разлика дали се украински или руски. Како што рече: „Таа појава нема националност, го загубиле тато или мама, и руски и украински сираци.“

Понатаму истакна дека многу недолжни луѓе страдаат од големата суровост, ја плаќаат цената на лудилото. „Лудило на сите страни, затоа што војната е лудост и никој во војната не може да каже: Не, јас не сум луд. Војната е лудост.“

Се присети и на девојката која во Москва ја разнесе бомба поставена под седиштето на автомобилот.

Како што рече: „Невините ја плаќаат цената на војната, невините! Да размислиме за таа реалност и да си кажеме едни на други: војната е лудост.“

Папата Фрањо ги осуди оние кои заработуваат од војната и трговијата со оружје, нарекувајќи ги криминалци „кои го убиваат човештвото.“

На крајот Папата го повика светот да се присети и на другите земји кои веќе некое време се во војна.

„Сирија веќе повеќе од десет години, да се сетиме на војната во Јемен, каде многу деца страдаат од глад, да се сетиме на припадниците на етничката група Рохинџи кои лутаат по светот заради неправедно протерување од нивната змеја.“

Денес кога се одбележуваат шест месеци од почетокот на војната на посебен начин да се присетиме на Украина и Русија, рече Папата кои тие две земји ги посвети на Безгрешното срце на Марија. Нека Таа како Мајка „го сврти својот поглед на тие две сакани земји: нека ја погледне Украина, нека ја погледне Русија и да ни донесе мир! Потребен ни е мир“ – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот