Генералниот секретар на Колумбиската бискупска конференција, бискупот Елкин Фернандо Алварез Ботеро, во интервју за Радио истакна дека работата на 109. Пленарно собрание на колумбиската бискупска конференција е посветено на грижата за создаденото и ќе зборува за мирот и миграцијата.
На 03 февруари во Богота, Колумбија, со евхаристиско славење е отворено 109. Пленарно собрание на колумбиската бискупска конференција, насловена „Грижа за заедничкиот дом“. На заседанието кое ќе трае до 7 февруари, присуствуваат околу стотина бискупи. Во јули минатата година, на крајот на последното собрание, надбискупот Оскар Урбин Ортега, претседател на Колумбиската бискупска конференција, најави дека на следната средба ќе разговара на оваа тема, велејќи: ,,По Епископската синода за Амазонија, во февруари 2020 година, ќе разговараме за нашиот однос кон создаденото’’. Тој исто така се осврна и на заседанието на пан-амазонското подрачје на кое повика Папата и кое се одржа во Ватикан минатиот октомври.
Целта на заседанието е да се формулира одговорна свест за грижа за создаденото како послание на Црквата, за да се направи разлика за делувањето на Црквата на подрачје на целосната екологија, како на пасторално така и на општествено ниво, и да се усвојат заклучоците од последната синода, разработувајќи конкретни планови.
Амазонското подрачје во Колумбија покрива 42% од националната територија со повеќе од 483.000 км² површина и 14 црковни јурисдикции. На пленарното заседание присуствуваат разни експерти за рударство, вода, уништување на шумите и биолошката разновидност, заедно со академски претставници и претставници на министерството за животна средина. Бискупите Елкин Фернандо Алварез Ботеро, Генералниот секретар на Колумбиската бискупска конференција, во разговор за Радио Ватикан истакна деке е важно да се подигне свеста за грижата за создаденото.
Ватикан њуз/к.мк