Кастел Гандолфо: Конференција на Движењето на фоколарите

Кастел Гандолфо: Конференција на Движењето на фоколарите

Пред десет години, поточно на 14 март 2008 година почина Кјара Љубик основателката на Движењето на фоколарите.

По повод годишнината, заедницата на движењето одлучи да ја продлабочи преку многу потфати во целиот свет најсоцијалната димензија на својата харизма која е фокусирана на единството. Во нивните предавања и сведоштва ќе се истакнат можностите кои можат да бидат „моторот за општествени промени“, а ќе се претстави она што фоколарите веќе го оствариле како одговор на потребите на поединците, групите и заедниците.

На 3 март ова година во центарот Маријаполи во Кастел Гандолфо близу до Рим, е одржан меѓународен собир кој беше можност за размислување за значењето на харизмата на Кјара Љубик која таа ја има за општеството. Сведоштвата и приредбите се изменуваат со размислувања од протагонисти со различни инијативи кои оставиле траг во реалност на многу земји. Присутен беше кардиналот Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар, кој ја истакна довербата со која Кјара пристапи на Црквата чекајќи да се исполни времето на Духот, така што нејзината харизма можеше да стане дар не само за движењето, туку и за целата црковна заедница.

Наредните денови ќе се одржат конференции на пет континенти, каде се прошири харизмата на единството: од Јужна Кореја, Демократска Република Конго, САД до Тајланд и Република Молдавија.

„Голем шарм на сегашното време“ е темата која е избрана за конференцијата во Кастел Гандолфо која повторно го носи насловот на книгата која ја напишала самата Кјара Љубик, а во која зборува за Марија, Престолот на мудроста и едноставна мајка на семејствата. Бидејќи за Кјара бил голем шарм во сегашното време „да продреде во највисоката контемплација, и да се остане помешан меѓу сите, човек покрај човек.“

Колку социјалната димензија е вродена во харизмата која ја примила Кјара – толкуваше Џенаро Иорио, социолог на универзитетот во Салерно и член на студискиот центар Аба при движењето на фоколарите, нагласувајќи дека тој елемент е присутен од самиот почеток, од кога Кјара и нејзините први пријатели сакале да ги решат општествените проблеми на својот град Тренто. Сè произлегува од откривањето на љубовта во срцето на Евангелието од страна на Кјара.

Денес се покренати иницијативи во целиот свет, со карактеристики на секој крај и култура. Братството и заедништвото на човечкото семејство, се наоѓа во центарот на харизмата на Кјара, но инкултурацијата секогаш била важна димензија. Џенаро Иорио истакна дека на пример во шеесетите години од минатиот век многу членови на движењето заминале во Фонте во Африка, како помош на племето кое било на патот на изумирањето заради високата смртност на новороденчињата и таму се соочиле со друга култура. Ги променуваат своите почетни планови за навистина да одговарат на барањата на тоа население.

Според мислењето на Марија Воче претседателка на фоколарините, движењето мора сѐ повеќе да биде средство за градење на единството на човечкото семејство, имајќи на ум дека харизмата која Бог ѝ ја дал на Кјара има не само духовна димензија, туку и доктринарна, социјална, политичка димензија која може да има влијание на сите подрачја.

Има многу здруженија на црковното и цивилното подрачје кои се занимаваат со потребите на најсиромашните и најмалите. Социологот Иорио ја толкуваше посебноста на она што го направи движењето на фоколарите велејќи дека е посебна работа во случајот со економијата на заедништвото која ја покрена Кјара Љубик по патувањето во Бразил, покажува во случајот со сиромашните кои не се само приматели на помош, туку токму извор кој може да го произведе нивното излегување од општествената беда. Во сето тоа не смее да се заборави маријанскиот пристап кој членовите на движењето се повикани да го живеат, а кој значи конкретност, прифаќање на другиот и отвореност за дијалог со сите.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот