Каритас во Непал по земјотресот: Населението е слабо згрижено

Најмалку два милиони луѓе има потреба од помош по силниот земјотрес кој на 25 април го погоди Непал. Во неделата во пладневниот говор папата Фрањо ги повика сите луѓе на солидарност.

Бројот на загинатите по земјотресот во Непал порасна на 3.500, но се проценува дека ова бројка ќе продолжи да расте како што ќе пристигнуваат извештаите од оддалечените села. Десетици илјади луѓе останаа без покрив на главата по земјотресот со сила од 7,9 степени по Рихтеровата скала, во саботата на 25 април. Според извештаите, најмалку 50 луѓе загинале во соседна Индија – главно во источните и северните делови на земјата – 17 од нив починале на Тибет, а потврдени се и два смртни случаи во Бангладеш.

„Ситуацијата е прилично лоша, дури и на третиот ден, бидејќи луѓето се на улица без покрив на главата“, рече во телефонски разговор за Радио Ватикан патер Пио Перуман, главниот управител на Каритас во Непал. Јавувајќи се од главниот град Катманду рече дека е тешко што Непал има само еден и тоа многу мал меѓународен аеродром. Основните потреби за главниот град може да бидат покриени за ден или два, но – напомена патер Перуман – „за оддалечените подрачја можеби ќе ни биде потребен хеликоптер за да ги префрлиме работите.“

Како што рече управителот на Каритас во Непал – на луѓето итно им е потребно засолниште, храна и хигиенски потрошен материјал. Потрагата за преживеаните и спасувачките операции и понатаму се во тек ,бидејќи под срушените згради сеуште има луѓе.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот