Кампањата на Меѓународниот Каритас ‘Share the journey’ (Да го поделиме патувањето), која папата Фрањо ја отвори во 2017 година заврши на 20 јуни со Светскиот ден на бегалците. Кампањата сигурно поттикна нов поглед на мигрантите, претворајќи го стравот во внимание.
Сите говорници на конференцијата за печат одржана во Канцеларијата за печат на Светиот Престол започнувајќи од кардиналот Луис Антонио Тагле префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите и претседател на Меѓународниот Каритас, потврдија дека во последните години успеале да дојдат до мигрантите, да го прегрнат нивното сиромаштво и страдање, да ги утешат дека не се само брoјки, туку луѓе со имиња, приказни и соништа.
Повикани сме во нив да го видиме Исуса Христа кој како дете со своите родители побегнал во Египет. Каритас успеа истовремено да развие и прошири нова култура на светско ниво, жива култура на лична средба и нова визија за прифаќање на човечката личост во мигрантот.
Не сокривајќи ги чувствата на оние знаат што значи миграција затоа што ја доживеал во сопственото семејство рече дека своите „корени“ ги гледа во бегалците кои ги запознал, но пред сѐ ги предупреди државите да не се затвораат во себичноста и стравот од странците.
Во моментот кога пандемијата од болеста Ковид-19 треба да доведе до светска солидарност – објасни кардинал Тагле, завршувањето на светската кампањата на Меѓународниот Каритас е повик патувањето да продолжи да се дели со мигрантите, посебно во тој најтежок момент. Иако кампањата формално завршува, мисијата продолжува со истата цел на промовирање на култура на средба и меѓународно разбирање меѓу мигрантите, бегалците и локалните заедници.
Клучна цел на кампањата беше да се живее моралниот императив на прифаќање и гостопримство на мигрантите и бегалците кои бегаат од неправдите, страдањето, насилството и сиромаштвото, во потрага по достоинствен живот. Таа цел е исполнета – објасни Алојсиус Џон главниот секретар на Меѓународниот Каритас наведувајќи примери од Либанон, Јордан и Бангладеш.
Меѓународниот Каритас затоа ги повикува сите да се придружат на свестската иницијатива на солидарност со мигрантите, бегалците и интерно раселените лица. На интернетската страница на Каритас (caritas.org) може да се запали виртуелна свеќа на надежта во избраната земја за да се испрати порака на солидарност со мигрантите и бегалците. Пораките потоа ќе се соберат и ќе се предадат на Светиот Отец кој секогаш ја следеше таа кампања на Каритас, а посебно во најважните и најзначајните фази. Светиот Отец беше вдахновение за нашата кампања – истакна кардинал Тагле потсетувајќи дека во пораката за Светскиот ден на мигрантите и бегалците 2018 година папата Фрањо поттикнува на четирите главни глаголи: прифати, заштити, промовирај и интегрирај.
Ватикан њуз/к.мк