Кардинал Пуљиќ ќе ја посети Црквата во Македонија

Кардинал Пуљиќ ќе ја посети Црквата во Македонија

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов ќе биде домаќин на Н.Е. кардинал Винко Пуљиќ, надбискуп Сараевски и митрополит Врхбосански, кој ќе престојува во Пасторална посета на Католичката црква во Македонија од 20 до 23 август 2021 година.

Во оваа прилика кардинал Пуљиќ за духовенството од Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија во Скопје ќе одржи духовна обнова во сабота, 21 август.

Во заедништво со месниот бискуп Киро Стојанов, кардинал Пуљиќ ќе служи света Литургија во недела 22 август со почеток во 10.30 часот во Скопската катедрала „Пресето Срце Исусово“.

Поради здравствена ситуација почитувањето на мерките за заштита од ширење на коронавирусот се задолжителни.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот