Кардинал Паролин: Прекинот на огнот е првиот чекор кон мирот во Украина

Кардинал Паролин: Прекинот на огнот е првиот чекор кон мирот во Украина

На маргините на презентацијата на книгата на отец Антонио Спадаро, државниот секретар на Папата, кардинал Пиетро Паролин, разговара со новинарите и истакна дека Светиот Престол се обидува да ја искористи сета своја креативност за повторно да ги поттикне мировните преговори. Кога станува збор за имиграцијата, тој тврди дека е неопходно да се премине на политика на прифаќање. За договорот со Кина рече: „Двете страни сакаат да продолжат“.

Се обидуваме да ја искористиме сета наша креативност за да ги поттикнеме повторно мировните преговори во Украина, а првиот чекор треба да биде прекин на огнот – рече државниот секретар на Папата, кардинал Пиетро Паролин, зборувајќи со новинарите на 13 март во седиштето на Исусовското списание La Civiltà Cattolica, на маргините на презентација на книгата на отец Антонио Спадар „Атласот на Фрањо. Ватикан и меѓународната политика“.

Употреба на креативност

Светиот Престол има поинаков став во однос на поединечните земји – истакна кардиналот – има поинаков пристап во потрагата по мир. Папата Фрањо сака да оди во Москва и Киев, бидејќи верува дека може да му служи на мирот единствено ако успее да се сретне со двајцата претседатели Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Прифаќање

Што се однесува до миграцијата, кардиналот рече дека укажувањата на Папата треба да се „преточат“ во државни политики. Истакнато е – напомена – дека политиките често се рестриктивни, додека, напротив, потребно е да се премине кон поотворена политика на прифаќање.

Дијалогот со Кина

Одговарајќи на прашања на новинарите, државниот секретар на Папата потсети на важноста на договорот меѓу Светиот Престол и Кина, постигнат за време на понтификатот на папата Фрањо. Тој ги истакна позициите кои даваат надеж и дијалогот кој, како што рече, сакаат да продолжи и двете страни. Бараме само католиците да можат да бидат поврзани со општата Црква – посочи кардиналот, според чие мислење, покрај тоа, веројатно е и патување на папата Фрањо во Монголија, иако се уште не е донесена конечна одлука.

Синодалниот пат во Германија

На крајот, во однос на гласањето на германските бискупи, на крајот од синодалниот процес, да се одобри благословот на хомосексуалните парови, кардиналот рече дека Светиот Престол за ова прашање јасно се изјасни и истакна дека дијалогот ќе продолжи во рамките на синодалниот процес на општата Црква. Помесната црква не може да донесе таква одлука која вклучува дисциплина на Универзалната црква – рече на крајот кардиналот Паролин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот