Кардинал Паролин во Полска

Целосното почитување на човековите права за верска слобода е гаранција за општествен мир и основнен принцип преку кој се оценува во која мера се почитуваат и останатите човекови права – рече на 2 јуни во Варшава Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин. Повод за неговиот престој во Полска е 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Полска и Светиот Престол.

Ја познавам историјата на вашата борба за слобода, истакна кардинал Паролин. Тој го нарече свети Иван Павле II заштитник на слободата на полскиот народ. Потоа ги повика сите верници во тешкотиите да се доверат на Господ, сигурни дека последниот збор не им припаѓа на оние кои најавуваат крај на традиционалното семејство, туку на Провидноста која својот план го остварува преку семејството.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот