Кардинал О’Мали: Абортусот е директен напад на човекиот живот

Кардиналот Шон О’Мали архиепископ на Бостон, објави одговор на неодамнешните видео-снимки на кои лидерите на најголемата американска организација која извршува абортус, „Планирано Родителство“ (Planned Paranthood) расправаат за тоа како да ги продадат органите, ткивата и деловите на телото на децата абортирани во нивните клиники. Во својот одговор на веб-страницата на Американската епископска конференција кардиналот О’Мали потсетува дека папата Фрањо абортусот го вброи во симптомите на „раширениот менталитет на профит и културата на отфрлање која ги зароби срцата и умовите на многу луѓе.“

Кардиналот абортусот го нарече „директен напад на човечкиот живот во неговата најранлива состојба“, додавајќи дека продажбата на органите и ткивата добиени со абортус не го почитуваат човечкото достоинство и живот. Како што рече „тој факт треба да биде во центарот на вниманието во моменталната јавна контроверза“. Бостонскиот архиепископ на крајот го сврте вниманието на „Проектот Рахел“, служба која без осудување и со доверба помага на луѓето во лекување на последиците од абортусот

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот