Кардинал Анџело Де Донатис е позитивен на коронавирусот

Кардинал Анџело Де Донатис е позитивен на коронавирусот

Генералниот викар на Римската бискупија, кардинал Анџело Де Донатис е позитивен на коронавирусот. Откако имал одредени симптоми направено е тестирање, при што е потврдено дека е позитивен на вирусот – соопштено е од Римската бискупија во понеделник 30 март 2020 година.

Кардиналот е хоспитализиран во римската болница Агостино Џемели. Има температура, но неговата здравствена состојба е добро и прима антивирусна терапија. Сите негови најблиски соработници се наоѓаат во самоизолација. Кардинал Де Донатис во последно време не бил во контакт со папата Фрањо. Откако беше потврден случај на заразен со коронавирус во домот Света Марта, папата Фрањо по втор пат е тестиран, при што тестот покажа дека е негативен.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот