Папата со нетрпение очекува да се направи нешто повеќе за екуменизмот

Папата со нетрпение очекува да се направи нешто повеќе за екуменизмот

По дваесет и пет години од објавувањето на енцикликата „Ut unum sint“ папата Фрањо му напиша писмо на кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните. Со тој документ, потсети, дека Свети Иван Павле II неповратно го потврди екуменското заземање на Католичката Црква.

Што се однесува на одот на христијаните во барањето полно заедништво папата Фрањо споделува здрава нетрпеливост на оние кои понекогаш мислат дека би можеле, и требало, повеќе да се заземеме, но и се заблагодарува на Господ за многуте чекори кои се веќе направени изминатите десетлетија, најмногу после Вториот ватикански собор, за да се зацелат столетните и илјадагодишните рани. Го напиша тоа во писмото до кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните, по повод на 25 годишнината од објавувањето на енцикликата на Свети Иван Павле II „Ut unum sint“.

Со поглед вперен кон големиот јубилеј во 2000 година – потсети папата Фрањо – папа Војтила сакал Црквата, на патот кон третото илјадалетие, да ја има на ум силната молитва на својот Учител и Господ: „Да бидат само едно!“. И ја напиша таа енциклика која неповратно го потврди екуменското заземање на Католичката Црква. Објавувајќи ја на Вознесение Господово ја стави под знакот на Светиот Дух, кој создава единство во различноста, и затоа, во ист литургиски и духовен контекст, ја спомнуваме и повторно предлагаме на Божјиот народ – истакна Папата.

Со Декретот „Unitatis redintegratio“ – потсети папата Фрањо – Вториот ватикански собор истакна дека екуменското движење настанал со милост на Светиот Дух кој, додека остварува различност на милости и служба, е и почеток на единство на Црквата. Енциклика „Ut unum sint“ потврдува дека оправданата различност не се спротивставува на единство на Црквата, напротив, го зголемува нејзиното достоинство и многу допринесува на остварувањето на нејзиното послание. Само Светиот Дух може да поттикне различност, разновидност, и истовремено да остварува единство – напомена Папата потсетувајќи на својата проповед која ја одржа во католичката катедрала на Светиот Дух во Истанбул, на 29 ноември 2014 година, и додаде: Тој ја ускладува Црквата, бидејќи Тој сам е ускладувач.

Tаа годишнина – продолжи папа Фрањо во писмото на својот соработник – е повод за благодарност до Господа на патот кој ни го дал да го поминеме како христијани во потрага по потполно заедништво. И јас го делам здравото нетрпение на оние кои понекогаш мислат дека би можеле, и требале, повеќе да се заземат. Сепак, не смее да ни недостасува вера и благодарност, многу чекори се направени овие десетлетија како би се излекувале стотиците и илјадниците рани.

Папата потсети дека пораснало познавањето и взаемното почитување, што помага да се надвладеат вкоренетите предрасуди, се разви теолошкиот дијалог, како и оној на каритативно подрачје, и разни облици на соработка во дијалогот на животот, на парохиско и културно подрачје. Управувајќи со своите мисли – како што напиша – „на драгите браќа кои се на чело на разни Цркви и христијански заедници“, како и на своите браќа и сестри на сите христијански традиции кои се „наши сопатници“, Папата истакна дека како учениците од Емаус можеме да ја почувствуваме присутноста на воскреснатиот Христос кој чекори покрај нас и ни го толкува Светото Писмо. Освен тоа, можеме да Го препознаеме во кршењето на лебот, очекувајќи заедно да ја делиме евхаристиската трпеза.

Изразувајќи благодарност на сите кои работеле и кои сè уште работат во Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните како во Црквата би ја одржале жива свеста за таа цел од која не можеме да се откажеме, папата Фрањо изрази голема радост поради двете нови иницијативи на таа дикастерија. Едната од нив „ Екуменски прирачник“ (Vademecum ecumenico) за бискупи, кој ќе биде објавен на есен како охрабрување и водич при извршувањето на нивните екуменски одговорности.

Сепак – истакна Папата – службата на единство е главно гледиште на епископското послание кое е, како што напишале соборските отци во конституцијата ‘Lumen gentium’, е видливо начело и темел на единството во неговата партикуларна Црква. Другата иницијатива е покренување на магазинот  ‘Acta Oecumenica’ кој, обновувајќи ја информативната служба на дикастеријата, сака да помогне на сите кои работат во служба на единството.

Папата Фрањо на крајот, како и свети Иван Павле II. во енцикликата ‘Ut unum sint’ прашува уште колку пат ни преостанало. Едно е сигурно. Единството не е најголем дел од нашето делување, туку е дар на Светиот Дух – истакна наведувајќи ги зборовите од проповедта на Вечерната одржана по повод завршувањето на Молитвената осмина за единство на христијаните, 25 јануари 2014 година во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините. Сепак, единството на крај не доаѓа како чудо, единството се постигнува во патот, Светиот Дух го дава на патот.

Писмото Папата го заврши поттикнувајќи ги сите со доверба да го повикуваат Духот, да ги води нашите чекори и секој со нова сила, да почувствува повик на заземање во екуменизмот. Нека Духот ги инспирира новите пророчки гестови и ја зајакне братската љубов меѓу сите Христови ученици, за да светот поверува и за да се умножи благодарноста кон Отецот кој е на небесата – напиша на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот