Божиќната елка на плоштадот Свети Петар во Ватикан оваа година е подарок од Словенија

Божиќната елка на плоштадот Свети Петар во Ватикан оваа година е подарок од Словенија

Овогодинешната божиќна елка на плоштадот Свети Петар во Ватикан, која ќе биде 28 метри ќе биде подарок од Словенија, а божиќната пештера ќе ја постави општината Кастели од италијанската покраина Терамо, која од 16 век е позната по керамиката –  соопшти државната управа на градот Ватикан.

Традиционалната свеченост на инаугурација на божиќната пештера и осветлувањето на божиќното дрвце ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во петок 11 декември во 16.30 часот. Ќе ја предводи кардинал Џузепе Бартело и бискупот Фернандо Вергес Алзага, претседател и генерален секретар на државната управа на градот Ватикан. Истиот ден претпладне папата Фрањо во аудиенција ќе ги прими претставниците од општината Кастели и Кочевје.

Покрај големата елка која ќе биде поставен на плоштадот свети Петар, Владата на Словенија ќе обезбеди и 36 помали елки од 1.5 до 6 метри, кои ќе бидат поставени во службените простории на Светиот Престол и други простории во Ватикан, вклучувајќи го и Радио Ватикан.

Божиќната елка и божиќната пештера ќе бидат изложени до празникот Крштение Господово, 10 јануари 2021 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот