Кардиналот Паролин ја посети болницата Џемели во Рим

Кардиналот Пиетро Паролин, Папски државен секретар, на 29 август (во сабота) ја посети Универзитетската болница Агостино Џемели во Рим.

Кардиналот го дочекаа членовите од Советот на универзитетската болничка Фондација, која од 1 август е доверена на администрацијата на Католичкиот универзитет Пресвето Срце.

Кардиналот во 11 часот служеше света Миса за болните и болничкиот персонал. По светата Миса го посети болничкиот „Центар Немо Рома“ каде што се дава здравствена помош за оние кои страдат од амиотрофична латерална склероза и од спинална мускулна атрофија, како и одделот за акушерство. Кардиналот се задржа на ручек со болничкиот персонал.

Папскиот државен секретар на сите им ги пренесе поздравите и охрабрувањата од Светиот Отец. Минатата година беше сѐ подготвено за доаѓањето на Папата, но моменталната слабост го спречила да ја реализира оваа средба. Но, како што вели латинската поворка, ‘тоа што е одложено, не се прекинува’, се надеваме дека порано или покасно оваа средба ќе се оствари – рече кардиналот Паролин и посака да се привикне новата Фондација, која ќе управува со болницата и дека ќе се одвива сѐ по Божјата волја. Кон кон сите да постапува со почит, гостољубивост и нежност кои се соодветни на достоинството на човечката личност, создадена на Божја слика и прилика.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот