Како сатаната сака да го уништи човекот

Три млади ѓаволи доаѓајќи на земјата сакаат со практична работа да го довршат своето учење. Во разговор со сатаната, нивниот началник, ги изнесуваат своите планови за начинот на кој ќе ги заведат и уништат луѓето.

Првиот ѓавол рече: „Јас ќе ги убедувам луѓето дека Бог не постои“.

Сатаната одговори: „На тој начин нема да придобиеш многу, бидејќи мнозинството луѓе е убедено дека Бог постои. Во своето срце ја имаат склоноста да веруваат во Бог. Таа склоност нема да можеш да им ја искорениш од срцето.“

Вториот ѓавол рече: „Јас ќе им зборувам на луѓето дека не постои пекол и дека не  мора да се плашат од казна за своите гревови.“

Сатаната одговори: „На тој начин многу тешко дека ќе заведеш некој. Мудрите луѓе одамна знаат дека постои пеколот и дека секое зло ќе биде соодветно казнето.“

Третиот ѓавол рече: „Јас ќе ги убедувам луѓето сите работи да ги одложуваат, ќе им зборувам дека нема ништо што би морало да се направи, тука и веднаш. Ќе им зборувам од утре нека почнат да живеат христијански, утре да простат на својот брат, утре да започнат да молат, утре да посетат болен, кога ќе остарат да започнат да одат на Црква…. утре… утре…“

„Започни со работата“, рече сатаната. „Ти ќе успееш. На тој начин ќе успееш да прелажеш мноштво луѓе и да ги приведеш во наши раце“.

(Непознат автор)

к.мк/го*ко

За авторот