Хаити: Земјата одумира

Хаити: Земјата одумира

Конференцијата на монасите и монахињите во Хаити ја предупредува власта на тешката состојба во земјата, на населението измачено од бедата и болестите кои гледаат во несигурна иднина. Сведоци сме и жртви на премногу криминал, премногу неправди и нееднаквости, предупредуваат посветените лица.

Малку повеќе од месец дена откако епископите во Хаити предупредија на „експлозивната“ и неодржлива ситуација во земјата, Конференцијата на монасите и монахињите на Хаити упати тешко обвинение против претседателот Ховенел Мозе кој сѐ уште е цврсто на власт и покрај тоа што цивилното општество во Хаити веќе долго време бара негова оставка, посебно после скандалите и корупцијата и истекот на неговиот мандат.

Населението во Хаити веќе измачено од сиромаштвото и болестите, ја гледа својата иднина се понеизвесна, која сега е позагрозена и со пандемијата од болеста Ковид-19; имено 60% од населението живее под границата на сиромаштвото, инфлацијата е многу висока, а недостасува храна и гориво. Тука е уште и насилството кое го споведуваат одреди на смртта кое насекаде сее терор во контекст на речиси целосна неказнетост – предупредија епископите во своето пасторално писмо објавено на 2 февруари. На Хаити несигурноста и киднапирањата се секојдневие. Никој не е поштеден и со тоа се создава страв меѓу населението.

Според зборовите на монасите и монахињите мрачната слика која епископите ја опишаа во своето писмо станува уште помрачна. Не е донесена ниту една сериозна одлука за да се олесни страдањето на луѓето или да се заштити од насилство, обвинението е содржано во отворено писмо упатено до претседателот Мозе. Која е целта на претседателот или владата кои не се во состојба да го запрат возот на смртта кој секојдневно сее тага меѓу населението – се прашуваат членовите на Конференцијата на монасите и монахињите на Хаити.

Потсетувајќи на повикот на промена во земјата која светиот Иван Павле II ја упати по повод својата Апостолска посета на Хаити во 1983 година посветените лица во Хаити се пожалија дека промената се случила на лошо, а за тоа „слегување на пеколот“ целосно е одговорен претседателот Мозе чија должност, е според нивните зборови, да дадат брзи и конкретни одговори на барањата на народот започнувајќи од почитувањето на државните закони.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Хаити

За авторот