Во 2024 година папата направи три големи патувања, одржа рекорден број канонизации и беатификација и издаде нова енциклика.
За папата Фрањо 2024 година е период на интензивна пасторална активност на кој беше протагонист на значајни настани од животот на Црквата. Папата ја продолжи својата мисија, и покрај предизвиците на времето, давајќи пример за неуморно служење.
Црквата треба да биде блиску до секој човек
Папата Фрањо го примени овој принцип со три големи патувања во странство. Во септември, посети четири земји во Азија и Океанија – Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, каде што се сретна со локалните христијански заедници и одржа меѓуверски дијалог. На крајот на септември, Папата ги посети Луксембург и Белгија, а во декември – Корзика, зајакнувајќи го европското единство.
Светоста е одговор на Божјата љубов
Во 2024 година 33 блажени на Црквата беа прогласени за светци. Меѓу нив има група маченици од Дамаск, основачи на монашки заедници и 16 кармелитјани од Кампиен. Покрај тоа одржа 12 беатификации, со што на Црквата ѝ даде 16 нови блаженици.
Кардиналите се слуги на единството на Црквата
Значаен настан беше декемврискиот конзисториум, при што прогласи 21 кардинали. Така, Кардиналскиот колегиум достигна рекорден број од 253 епископи, од кои 139 имаат право да учествуваат на евентуална конклава.
Во октомври, Папата ја објави својата четврта енциклика, Dilexit nos, посветена на Пресвето Срце Исусово и на тема за божествената и човечката љубов. Документот стана важен придонес во развојот на црковното учење за љубовта и милосрдието.
Посланието на Црквата е да ја донесе Христовата љубов до сите
2024 година беше одбележана и со активна дипломатска активност на Папата. Прими 84 политички претставници од 45 земји и претставници на 15 меѓународни организации кои промовираат мир и правда во светот.
Важен аспект на активноста на Фрањо е именувањето на нови 232 епископи.
Во текот на годината, папата Фрањо продолжи да ги извршува традиционалните литургиски обреди, вклучително и крштевањето на 24 лица, доделувањето на 40 митрополитски надбискупи со светиот палиум и ракополагањето на 16 семинаристи.
Тука е завршетокот на Синодата за синодалност и почетокот на Јубилејната година.
Ватикан њуз/к.мк