Италија: Нова форма на посветен живот?
Сѐ повеќе вдовици во Италија го препознаваат својот духовен повик. По смртта на нивните сопрузи повеќе од 200 вдовици со посебно епископска дозвола живеат како еден вид монахињи, но без манастир. Околу стотина се наоѓаат на подготовка, пренесува католичката агенција Сир. Веќе оваа година Ватикан ќе се позанимава со овој тренд.
Во новозаветно време и во Првата Црква е потенцирана посебната улога на вдовиците, кои свесно се откажуваат од ново партнерство и наместо тоа се посветуваат на молитва и социјална ангажираност. Во актуелното црковно право не е предвиден ваквиот начин на живот. Покрај институтите за посветен живот односно монашките заедници како форми на живот се спомнуваат девиците и пустењаците. Се очекува Светиот Престол да го даде своето мислење.
РВ/го*ко