Италијански Каритас и членовите на здружението Pax Christi, им предлагаат на своите членови ден на молитва и пост за мир во Сирија. Предложениот датум за молитва и пост е 12 април, односно Велика среда.
Иако предлогот директно се однесува на бискупските Каритаси и групите кои припаѓаат на здружението Pax Christi, да учествуваат во постот и молитвата можат да молат и сите верници и луѓе со добра волја, тоа на сите им го препорачуваме…
Сè уште жртви. Сè уште ужас, смрт и потиснување на човечки животи во Идлиб, во Сирија – меѓу кои се и голем број деца. Додека меѓународните институции и владите спроведуваат стерилни преговори, непотребни расправи и ја префрлаат одговорноста едни на други, уште еднаш се наоѓаме пред злосторството кое е – како што папата Фрањо го опишува – „неприфатливо.“ Бидејќи секоја војна е злосторство, лудост, самоубиство на човештвото, авантура без враќање.
Ние сме и остануваме со жртвите, не само за да им помогнеме за да ја преживеат војната, туку и за да може да се гради трајна и мирна иднина, заснована на културата на ненасилство. Само благодарение на младите, ненасилството конечно ќе процвета од страдањето на сирискиот народ, како цвет меѓу урнатините, стои во досието на Каритас за Сирија, презентирано во март минатата година.
Токму како што сме и понатаму со жртвите од Конго, Јужен Судан и Јемен, каде бомбардирања се вршат и со италијанско оружје. Во Идлиб, во Сирија дојде до злоупотреба со хемиското оружје, отровен гас. Знаеме дека во војната првата жртва е вистината, но бараме гласно и јасно таа да се утврди. Истовремено бараме одлучно заземање за ставање крај на ова лудило. Ве повикуваме на молитва за жртвите, но и на противење на војната и оружјето, вклучувајќи го и она нуклеарното, за кое во последните месеци толку се зборува при Обединетите нации, каде Pax Christi и Каритас веќе инетервенираа.
Да ги присвоиме зборовите на папата Фрањо: „Дури и денес има многу жртви… Како е можно тоа? „Можно е затоа што и денес зад сцената постојат интереси, геополитички планови, алчност за пари и моќ, затоа што постои воена индустрија, која се прави како многу важна! А тие кои планираат терор, тие организатори на конфликтите, како и посредници во продажбата на оружје, на своето срце си напишале: „Што се однесува тоа на мене?“
За да избегнеме истото да го пишува и на нашите срца, прифаќајќи ги повторуваните повици на Светиот Отец предлагаме во бискупските Каритаси и во групите Pax Christi, како и сите оние кои сакаат, да ни се придружат во постот придружуван со молитва за Сирија, во среда на 12 април 2017 година, во пресрет на Велигденската тродневница. Да не ги заборавиме проживеаните маки и крстот на толку недолжни луѓе – во таинството на Христовата мака – да бидат во светлината на воскресната надеж, стои меѓу останатото во повикот на италијанскиот Каритас и групите Pax Christi РВ/к.мк