Папата ќе објави нова енциклика со наслов „Сите сме браќа“

Папата ќе објави нова енциклика со наслов „Сите сме браќа“

Папата Фрањо во сабота 3 октомври 2020 година ќе го посети италијанскиот град Асизи, каде ќе ја потпише својата нова енциклика со наслов „Сите сме браќа“, во која пишува за братството и социјалното пријателство, соопшти на 5 септември 2020 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Поради здравствената ситуација желбата на Светиот Отец е посетата да биде од приватен карактер, без учество на верници. Веднаш по завршувањето на литургиското славење Папата ќе се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот