Папата Фрањо во текот на конференцијата за печат која ја одржа на летот од Даблин за Рим, потсети дека Бог на повеќе места во Библијата заповеда дека на мигрантите односно на странците мораме да им изразиме добредојде.
Италијанската епископска конференција одлучи да го прифати мнозинството бегалци кои две недели престојуваат на брод на Италијанската крајбрежна стража. Од нив 100, мнозинството Еритрејци ќе ги прими италијанската Католичка Црква, додека 20 ќе отпатуваат за Ирска, а Албанија ќе смести 20 луѓе пишува CNA.
Долгото чекање на решение за оваа ситуација започна пред две недели односно на 16 август, кога Италијанската крајбрежна стража ги спаси бегалците од криумчарските бродови. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини после тоа одби да им издаде одобрение за напуштање на бродовите се додека не се направи план за нивна прераспределба во земјите во Европа, за тие да не „станат товар за италијанскиот народ.“
Салвини на својот профил на Твитер неодамна индиректно потврди дека италијанскиот државен обвинител покренал истрага против него заради одлуката бегалците да ги задржи на бродот. „Ќе бидам горд ако навистина е покрената истрага, па ако и завршам во затвор, затоа што ги бранев границите и безбедноста на својата земјата“, напиша тој.
Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди ги повика сите земји да пружат помош на бегалците, но на неговиот апел одговорија единствено Ирска и Албанија. Италијанскиот министер Енцо Моверо Миланеши се заблагодари на Албанија која не е членка на ЕУ, за големата солидарност и за пријателството.
Папата Фрањо во текот на конференцијата за печат која ја одржа на летот од Даблин за Рим, потсети дека Бог на повеќе места во Библијата заповеда дека на мигрантите односно на странците мораме да им изразиме добредојде. Исто така потврди дека бегалците од Еритреја ќе го продолжат својот живот во градот Рока ди Папа кој се наоѓа недалеку од Рим: „Таму ќе се почувствуваат добредојдени,“ додаде.
Истовремено ја осуди праксата бегалците да се испраќаат во земјите од кои заминале и ја нагласи важноста за нивна интеграција во новото општество. Го сподели примерот за девојчето од Сирија кое го запознал кога во 2016 година смести 13 бегалци од Лезбос. „Девојчето сега студира“, заврши Папата.
Битно.нет/к.мк