Исконска женственост
Што се подразбира под женственост во денешно време, дали сме се отргнале од нејзиното оригинално значање, дали жените ја заборавиле вредноста и убавината на онаа исконска женственост? Ако ја заборавиле, зошто? (…)
Бог човекот го создал како машко и женско на своја слика. Мажот и жената заедно еднакво е на човек, во тоа сомнеж нема, но треба да се каже дека овде секоја еднаквост престанува. Жената не е еднаква на мажот, но е рамноправна. Зошто толку често го споредуваме, неспоредливото? Ниту мажот е посовршен од жената, ниту жената е повозвишена од мажот. Ниvната убавина лежи во нивната различност, исполнувајќи се и надополнувајќи се. Совршена комплементарност, како што непогрешливиот Творец на почетокот тоа го замислил.
Една прекрасна поговорка вели: Жената настанала од реброто на мажот. Не од неговото стапало за да гази по неа, не од неговата глава за да владее со неа… туку од реброто за да му биде еднаква, под рацете за да биде заштитена и покрај срцето за да биде сакана. (…)
Зошто на жените на денешницата им е толку тешко да ја откријат својата исконска женственост? Од едноставна причина што светот денес сите вредности и вистини ги преврте наопаку. Повеќе не е прифатливо да се дозволи жената да биде – жена! Од неа се очекува да биде еднаква на мажот на сите полиња и на оние на кои потполно е невозможно, само за да се докаже поентата. Жената денес мора да работи апсолутно исти работи како и мажот за да ја докаже својата „еднаквост“. (..)
Зошто мора да тежнееме кон таа наметната еднаквост? Кој ни го наметна тој императив? Дали сме свесни притоа која цена ја плаќаме? Кога ќе се одлучиме да играме на музиката на светот и да се појавиме во трендовите кои од нас создаваат некаков наметнат пандан на мажот, ние го губиме оној скапоцен дел од себе си со кој сме родени – делот на Марија! Наместо да ја разбудиме и негуваме таа наша посебност и скапоценост ја отфрлуваме како нешто неважно и застарено, а не знаеме дека се откажуваме од најубавиот дел од себе: својата убавина, достоинство и слобода.
Не е вистински убава жена онаа која робува на стандардите на убавината кои денес ни се наметнати како единствени важечки! Не е вистински достоинствена жена која се гази себе за да се допадне на другите, на другите кои и не сакаат да ја видат онаква каква таа навистина е! Не е вистински слободна жена која го уверува светот дека е слободна господарка на сопственото тело ако одлучи да го отстрани новиот живот кој и расте под срцето! Дури тогаш ги ставила оковите и дури тогаш станува заробена.
Силата на жена почива во нејзината нежност, грижа и сочувство. Понекогаш и во солзите! Почива во цврста одлучност да се бори за своето, во лудата храброст и себедарување, во спознанието дека го наследила учество на Марија и во тоа и од тоа извира онаа вистинско достоинство, вистинска женственост, и на крајот вистинската слобода.
Оној момент кога вие драги жени ќе сфатите дека не е за вас да го рушите или да го имитирате машкиот свет и неговите правила, туку да го градите и дополнувате женскиот начин кој јасно ни го престави Жената над сите жени, може да се каже дека сте ја откриле својата исконска женственост. Рецептот е во вас, морате само по него да посегнете: се бара сила и љубов. За тоа сте на крајот на краиштата – и создадени.
Николина Накиќ/ Гласник Мира/к.мк