Објавени логото и мотото за посетата на Папата во Чиле

Објавени логото и мотото за посетата на Папата во Чиле

„Мирот Свој ви го давам“ е мотото за претстојната апостолска посета на папата Фрањо во Чиле од 15 до 18 јануари 2018 година, земено од Евангелието според Иван 14,27. Овие зборови, се вели во соопштението на Националната комисија за апостолска посета, се познати на сите, католиците и не католиците. Папата преку оваа посета ја промовира културата на средба, помагајќи за создавање на атмосфера на единство за целиот Чилеански народ – стои во соопштението

Од своја страна, логото – нагласуваат организаторите на посетата – „е многу вообичаено, но во исто време ги содржи и трите централни елементи на посетата: крстот, потписот на Папата и картата на Чиле. Белата и жолтата боја ги претставуваат боите од знамето на Ватикан, натписот “Чиле 2018” ги има боите на знамето на Чиле, црвено и сино. Во соопштението се нагласува дека логото не е дело на еден човек, туку плод на работата на група дизајнери, комуникатори, свештеници и лаици.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот