Имињата на злите луѓе не се запишани во Божјата книга

Бог никогаш праведниците не ги остава, додека оние кои сеат зло како непознати небото не ги памти нивните имиња – рече Светиот Отец  во проповедта на светата Литургија на 8 октомври во капелата на домот Света Марта.

Храбра мајка на три деца и маж, а нема ниту четириесет години, а туморот кој е многу тежок ја прикова за креветот. Зошто? На некоја старица многу побожна жена мафијата и го убива синот: Зошто? Гласот на Папата како нож се забива во мислите на народот, чија длабока вера во драмата на животот е ставена на големо искушение. Зошто тоа се случува; „која награда сме ја добиле затоа што сме ги почитувале Божјите заповеди“, а горделивите – иако прават зло – се множат и иако го предизвикуваат Бог – не се казнети? – праша Папата осврнувајќи се на литургиското читање од пророкот Малахија.

Колку пати ја гледаме таа реалност во злите луѓе? Во оние кои прават зло, а изгледа дека во животот им оди се добро: среќни се, имаат сè што сакаат, ништо не им недостасува. Зошто Господи? Зошто на развратниот кој не се држи до Бог, ниту до луѓето кој се неправедни и зли во животот сè им оди добро, желбите им се исполнуваат, а добронамерниците имаат многу проблеми, зошто? – повтори Светиот Отец.

Одговорот на тоа прашање Папата го наоѓа припевниот псалм од литургијата, бидејќи блажен го прогласува човекот „кој не оди по советот на безбожниците“ и кој ужива во законот Господов. Сега не ги гледаме плодовите на страдалниците, народот кој носи крст, како што ниту на Велики петок; тие се како прав, што го растура ветар по земјата. Зашто Господ го знае патот на праведниците; патот, пак безбожнички води во погибел“ – потсети Папата цитирајќи го спомантиот псалм.

Папата нивната проспаст уште повеќе ја расветли наведувајќи ја евангелската парабола за Лазар, симбол на крајна беда и за богатиот кој не му давал од трошките што паѓале од масата. Интересно е што името на богатиот не се спомнува. Во книгата на Божјите спомени ги нема имињата на злите: нечестивите, лажливиците, угнетувачите… Напротив, сите оние кои настојуваат да одат по патот Божји ќе бидат со Божјиот Син чие име е Исус, Спасител. Тешко е тоа име да се сфати, несфатливо заради искушенијата на крстот за сè она што го претпрпе заради нас – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот