Има млади кои одат против струјата, кои сакаат нивната љубов да биде вечна

Повеќе од 20.000 илјади вереници од 28 земји во петок 14 февруари ќе се сретнат со папата Фрањо на плоштадот Свети Петар. Настанот кој е во организација на Папскиот совет за семејство започочнува во 11 часот, а кулминација на настанот е дијалогот помеѓу Папата и верениците. Аудиенцијата ќе заврши со посебна молитва составена за овој настан.

По тој повод Радио Ватикан разговара со монс. Винчензо Паглија, претседател на Папскиот совет за семејство.

Монс. Паглија: Успехот на оваа иницијатива, која пред само три седмици беше непрдвидлив, покажува дека има млади кои одат против струјата, кои сакаат нивната љубов да биде вечна, благословена од Бог и покрај тоа што живеат во свет кој не верува дека врските можат да траа вечно, во свет кој верува дека е добро секој да мисли на себе.

Важно е да се забележи дека постои длабока желба за создавање на семејство и на тој начин заеднички да се чекори напред, во свет во кој често се верува дека тоа не е возможно, премногу тешко… или пак се верува дека во брак се стапува кога сите останати проблеми ќе бидат решени, при тоа губејќи го сонот за градење заедничка иднина за себе и за своите деца.

РВ: Црквата им дава голема важност на верениците: дали се работи за грижа за семејство кое се формира или постои и некое посебно значење?

Монс. Паглија: Го сметам за голем успех тоа што сме ја „измислиле“ подготовката за брак, бидејќи сите што доаѓаат во Рим посетуваат подготовка за брак. Секако тие подготовки треба да се усовршуваат, посебно би требало на младите да им се помогне после венчанието. Нема соменение дека во овој свет кој „тече“ – велам „тече“, бидејќи чувствата како егоцентрични сентименти доаѓаат и заминуваат – љубовта означува изградба, заедничка старст, но и труд. Затоа е важно Црквата со посебно внимание да ги следи во овој период од животот, во кој се полагаат темелите: ако куќата е изградена на добри темели, ќе се спротивстави на неволјите кои се неизбежни и со годините ќе дојдат.

РВ: Има многу примеи на насилство и злоуптреба. Што неодстасува општеството што не може да гарантира здрав однос меѓу мажот и жената, пред сѐ во во семејните односи?

Монс. Паглија: Во овој индивидуализиран свет потребно е повторно да се открие љубовта, не како грижа за себе, туку како љубов за другиот. Да се бара доброто на другиот, и да се стави пред сопственото добро. Општество кое го потенцира индивидуализмот е општество кое води кон суровост, кон зло. На тој пат семејниот пасторал, воспитувањето за љубов бара многу поинаков пристап во времето (…) Верувам дека мораме да бидеме многу, многу свесни за да не ја замениме љубовта со некој егоцентричен сентиментализам.

РВ: Ќе биде прочитана и една нова молитва, составена посебно за овој настан. Дали сакате да издвоите нешто посебно од таа молитва?

Монс. Паглија: Текстот нагласува дека тоа е молитва до Светиот Дух: во нас да се разгори страст за Царството, храброст за големи и тешки одлуки, како и мудрост во нежноста и простувањето.

Овој дел од молитвата ми изгледа како некоја програма: како да се живее вереништвото, за да може куќата на која се повикани да ја градат биде втемелена на карпа, наречена љубов.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот