Видео порака на Папата за март: Молитва за семејствата во тешкотии

Објавено е ново видео на папата Фрањо во кое ги поттикнува христијаните да го подржат семејството и воспитувањето на децата. Во кратката видео порака на шпански јазик, Светиот Отец зборува за својата молитвена накана за семејствата во тешкотии. „Семејството е едно од најскапоцените добра на човештвото. Но, дали можеби не е најранливото? – праша Папата.

Кога семејството е изложено на економски, здравствени и други потешкотии, децата растат во тажна атмосфера“ – напомена Папата. „Сакам со вас и со Исус да ја поделам својата молитвена накана за овој месец Семејствата во потреба да добијат неопходна помош и децата да можат да растат во здрава и мирна средина“ – рече папата Фрањо во новата видео порака

Видеото со македонски титлови може да го погледнете тука:

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот