Изненадувачка посета на папата Фрањо во дом за стари лица

По отворањето на Светата врата во домот за сиромашни „Дон Луиџи ди Лиегро” во близина на централната железничка станица во Рим, папата Фрањо продолжува со своите конкретни сведоштва за милосрдието.

Светиот Отец продолжува да изненадува – две ненадејни посети во знак на Светата година на милосрдието. Во четврток попладне 14 јануари спонтано Папата посети дом за стари лица, каде се сретна со 30 лица сместени во домот. Оваа ненадејна посета ги изненади сите и истовремено ги потврди зборовите на Папата: „против културата на отфрлање“, како и за големата важност на дедовците и бабите за Црквата и општеството. Потоа папата Фрањо посети и еден дом за нега, во кој корисниците се во тешка здравствена сосотојба, во која се насочени на помош од нивните семејства

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот