Зошто сурогат мајчинството е морално погрешно?

Детето има природно право да биде зачнато во чинот на љубов, на растење во утробата на сопствената мајка како и сопствената мајка да го роди. Сурогат мајчинството ги крши овие основни права

Како и вештачкото оплодување, сурогат мајчинството е „спротивно на единството на бракот и достоинството на раѓање на човечката личност“. Сурогат мајчинството значи влез на додатна личност во брачниот сојуз – друга жена која планирано го носи детето на сопругот. Иако популарните медиуми тоа го потиснаа, постои природна одбојност спрема идејата „изнајмување на матката“ или на планот туѓа личност да роди дете кое не е нејзино – пишува Арланд Николс, претседател на Здружението за живот и семејство Иван Павле II во магазинот Crisis.

Детето има природно право да биде зачнато во чинот на љубов, на растење во утробата на сопствената мајка како и сопствената мајка да го роди. Сурогат мајчинството ги крши овие основни права. Поради тоа Црквата нагласува во документот Donum vitae (Дар на животот):

„Сурогат мајчинството е објективна погрешка со оглед на обврската од мајчинска љубов, брачна верност и одговорно мајчинство; го навредува достоинството и правото на детето да го зачнат, носат во утробата, да го дадат на свет и да го воспитуваат неговите родители; со него, на штета на семејството, се создава поделба меѓу физичките, психичките и моралните фактори кои го творат семејството“.

Во своето научување Црквата е јасна дека секое зачнато дете е слика Божја и скапоцено во Неговите очи. Истовремено, препознава како поедини методи да се постигне бременост се неморални и ги повикува паровите тие методи да ги отфрлат. Може да се однесува критички кон избраните средства, а истовремено да се биде грижлив да не се напаѓа личноста која е плод на неморална метода за постигнување на бременост – забележа Николс.

Сурогат мајчинството го навредува брачниот сојуз и се однесува кон телото на сурогат мајката како кон предмет и – ако се плаќа за услугата – како нешто што се изнајмува. Таков чин е под нејзиното достоинство – заклучи Арланд Николс, додавајќи дека такво нешто исто така бара создавање на човечки битија во лабораторија и надвор од чинот на љубов на мажот и жената.

Во лабораторијата многу малку се грижат за животот на поединото човечко битие кое е создадено, а во очите на лабораториските техничари тоа е само производ кој може да се отфрли. Во еден познат случај во САД, во кој жена го родила својот внук – односно, го носела детето на сопствениот син – се проценува дека најмалку 50 човечки битија во најраниот стадиум на својот живот умреле во лабораторија како би се остварила бременоста.

„Иако децата кои доаѓаат на свет по пат на сурогат мајчинство се скапоцени, а оние кои ја избираат таа метода сигурно постапуваат со најдобри намисли – често се соочени со големи страдања – тоа не ја менува објективната вистина дека таков чин е спротивен на човечката природа и Божјиот закон и затоа не може да биде добар“ – истакна Николс, додавајќи: колку и да го опишуваат популарните медиуми сурогат мајчинството како „великодушен чин“, „ослободувачки“ и „достоен за пофалба“, тоа не ја менува природата ниту последиците на чинот.

Накратко, сурогат мајчинството преминува бројни граници кои не би требало да ги премине, бидејќи таа метода на „основање на семејство“ не го почитува брачниот сојуз и правото секое дете да дојде на свет преку чинот на љубов на сопствениот татко и мајка – заклучи претседателот на Здружението за живот и семејство Иван Павле II.

РВ/С.С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Колумни, Свет

За авторот