Зарем и ти пцуеш?!

Ви нудиме целосен, опширен и длабок текст за пцовката. Добро е човек да си го испечати. Што е пцовката? Свети Ероним: „Пцовката е пострашна од било кој друг грев. Таа е безбожен говор на устата против Господ. Секој друг грев кога се споредува со пцовката, неспоредливо е помал“. Некои црковни отци рекле: „Оние кои пцујат се полоши отколку кучињата и другите животни. Кучето не лае на својот господар, иако овој и го удира, а оној кој пцуе го навредува својот Бог и Господар и тоа без причина“…

Пцовката е говор на пеколот, говор на злодухот

Како што Светиот Дух говори преку праведниот, така и злодухот говори преку оној кој пцуе. Да погледнеме кој сѐ пцуе околу нас!? – И старо и младо, и деца и стари. Пцујат веќе и децата во основното училиште. Тоа е трагедијата на нашето време. Нашите зборови се толку важни – бидејќи силата е во нашиот јазик и зборовите кои ги изговараме. Затоа Библијата вели: „Смртта и животот се во власта на твојот јазик“. Тоа значи дека со својот јазик можеме себеси да си сееме живот или смрт. Повеќето со својот непромислен јазик, пцовки и навредливи зборови си сеат себеси смрт. Исус вели дека човекот ќе одговара пред Господ за секој непотребен збор. Твоите зборови ќе те осудат, и твоите зборови ќе те спасат. Затоа внимавај што зборуваш! Во Евангелието пишува дека Бог ќе нè сочува од злото во Своето Име. Божјото Име е возвишено и свето! Затоа во „Оче наш“ – молиме: „Оче, да се свети Името Твое“ – т.е. Твоето Име нека биде меѓу нас свето, нека луѓето го почитуваат и благословуваат Твоето Име.

А за Исусовото Име пишува дека е тоа ЕДИНСТВЕНО ИМЕ на светот дадено на луѓето по кое можеме да се спасиме. Ако е тоа вистина и ако е тоа единствено Име по кое се спасуваме, тогаш многу е трагично и погубно ако пцуеме и го погрдуваме светото Име Исусово. Тоа е еднакво на пропаст. Со тоа си го отвораме патот за пеколот: Името Исусово ни носи спасение, а ние го пцуеме и навредуваме тоа свето Име. Тоа е катастрофа! Тоа е слично на овој пример: Некој сликар го прикажал човекот кој пцуе на овој начин:

Го насликал човекот со џиновски раст, со многу убав изглед како на својата дланка држи мало џуџе. Но, тоа џуџе било нешто луто и гневно. Со едната рака му се заканувал на горостасот, а со другата рака му забивал меч во дланката на која стоел. Раката била испружена над длабока провалија. И било доволно да се заврти и џуџето да заврши во провалијата. Што ни говори оваа слика? Ние често велиме дека сме СИТЕ ВО БОЖЈАТА РАКА. Сами не можеме ништо да направиме, ниту да одлучиме за својата судбина. Каква ли неопишана несреќа е да се подигне раката против оној во чија власт сме, против оној Кој нè држи на својата дланка, и да прободуваме со меч од својот гнев и својата лутина во Неговата дланка на која почива и небото и земјата и сите созданија. Тоа е гарантирана пропаст!

Пцујачите, според Светото Писмо ги чека НАЈТЕШКА КАЗНА. Свети Иван Златоуст вели вака: „Сакате ли да ве одмине несреќа, откажете се од пцовката! Бидете уверени: додека пцујачите не престанат да пцујат, со секој ден вашите полиња ќе назадуваат, сите ваши работи и сите ваши настојувања“! Ве прашувам: може ли хулителот на Божјото Име да очекува дека Бог ќе го благослови во животот, дека ќе му помогне и ќе го заштити? Секако дека не може. Напротив, него – според Библијата – го чека најтешка казна.

Библијата изнесува ваков пример. Еднаш некој Евреин похулил на Името Божјо и го опцул. Тогаш го одвеле кај Мојсеј. Го затвориле и чекале да се покаже волјата Господова. Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Изведи го оној што хулеше надвор од логорот, а сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења“. И тој пцујач заврши страшно. Потоа Господ му нареди на Мојсеј: „Кажи им на синовите израилски: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев; и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре“ (3Мој 24,10-16).

Зошто така строго, се прашуваме?! Затоа, бидејќи преку тој човек доаѓа проклетство на целиот народ. Целиот народ трпи поради пцујачите! И кон тоа, ако таков живее, пцовката би можела брзо да се прошири – како зараза – по целиот народ! Било познато во историјата – дека луѓето за навреда на честа – лична или упатена на нивната мајка или татко – го одземале животот на оној кој навредувал. Казна за злосторството на навреда на величествата имале во својот закон веќе и старите Римјани. Казната била остра: навредувачите би биле или убиени со меч, стрели, фрлени пред диви ѕверови или запалени. Па, ако за навреда на човекот била таква тешка задача, колку повеќе ќе биде тешка казната за навреда нанесена на Бог и Неговото свето Име. Сакам да ви раскажам еден пример. Во 1916 година ова го пишува од боиштето Албин Бревиати, воен капелан: „ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ПЦОВКАТА, БИДЕЈЌИ СО СВОИТЕ ОЧИ ГО ВИДОВ СТРАШНИОТ СВРШЕТОК НА ПЦУЈАЧОТ“! Мојата чета се наоѓаше во една селска куќа каде на ѕидот висеше крст. Еден од војниците тоа не можеше да го гледа, и го фрли крстот на земјата, изговарајќи најтешки пцовки. Најпосле го фрли крстот низ вратата, така штосе скрши на парчиња. Подобро че беше да не го направеше тоа. Истиот ден излеговме по обичај од куќата да ја преземеме должноста за следниот ден. Тој што пцуеше остана во куќата и говореше дека не се чувствува добро. Во тој момент падна непријателска граната на куќата, го проби кровот и јадникот го разнесе на парчиња. Беше така распарчен што деловите од телото едвај ги собраа за како – така да го закопаат. Во таа иста куќа се наоѓаа уште неколку војници – по другите простории, меѓутоа тие беа само лесно повредени. Исус вели: „Со каква мерка мерите со таква ќе ви биде мерено“. Како што крстот беше искршен на стотина парчиња, така и неговото тело! Би можел да ви раскажам на стотина такви примери. Сите кои го пцуеја и хулеа Божјото Име, лошо завршија. Познатиот француски поет Шарл Будлер, напишал СОТОНСКИ ЛИТАНИИ. Ужас! Во нив го навредува Господ и лицата кои се посветени на Господ. Меѓутоа, тој го славел Јуда што го предал Исус, го фалел Каин затоа што го убил својот брат Авел, одобрувал што Петар се откажал од Исус, а го кудел неговото покајание. Со презир го изговарал Името Исусово и Мариино за време на своите пијанства. СВРШЕТОКОТ? – Трагичен: умре во големи маки и болки, а ни животот не му беше блескав.

Во оваа група би можеле да додадеме уште многу познати личности кои поради својот пцујачки јазик трагично завршија. Јулиј Апостат, римски цар. Волтер, француски филозоф – еден од најпознатите личности во Европа во свое време. Бил еден од најголемите пцујачи и хулители. Целиот живот го пцуел и го презирал Господ. Кога умирал, ги преколнувал пријателите да му донесат свештеник, меѓутоа не сакале. Се дерел и викал: „Го гледам пеколот отворен и ѓаволите кои ме влечат во него“! Така умре, со тие зборови. Неговиот пријател доктор во таа прилика рекол: „Кога ѓаволот би можел да умре, не би можел да умре со пострашна смрт од мојот пријател Волтер“. Исто така трагично завршија сите они кои сакаат да го симнат Господ од престолот: Мусолини, Хитлер, Робеспјер, Ниче и други. Сите тие беа големи богохулители и сите тие доживееја голем бродолом на животот! Меѓутоа, затоа сите оние кои се надеваа во Господ и кои Го почитуваа, беа благословени.

Буфон, познатиот природонаучник кој ги проучувал животинските видови, изнесува еден пример од животот на кучињата. Некој човек имал одлично куче со кој секогаш се фалел пред пријателите. Тврдел дека неговото куче во сите можни околности секогаш го препознава и дека никогаш не би го повредил. Еден ден, се преоблекол во искината облека, ставил на главата голем шешир, па со променет глас викнал од вратата на својот двор. Неговото куче веднаш истрчал лаејќи кон него и како немал време да го надуши, а имал пред очите непознат лик, скокнал на господарот и му ја гризнал раката. Тој многу се исплашил, па го викнал кучето по име и почнал да му зборува како што господарот му зборува на својот чувар. Кога кучето го препознало гласот на господарот, почнал болно да цвили, ја свиткало опашката и се стуткало во последното ќоше на дворот во некоја дупка. Господарот му пришол, го повикал со љубов, но кучето не излегувало. Газдата му носел најдобри парчиња месо да му покаже дека не се лути на него, но кучето не сакало ни храна ни вода. Непрестајно жалосно цвилело. Тоа бил единствениот одговор. После неколку дена кучето умрело – од жалост што ја каснало онаа рака која со години го хранело и милувало! Пријателе, кучето умрело од жалост. А човекот? Колку се луѓето жалосни што го навредиле својот Создател? – Многу малку. Често се однесуваат како ништо да не се случило. Многумина дури не знаат да побараат ни опростување. Велат дека тоа им е навика. Други пак, велат: „Жал ни е“, и продолжуваат понатаму да пцујат. Ако навистина им е жал, тие би направиле сè да престанат да го пцујат и навредуваат Господ.

Денес треба да сфатиме: ПЦОВКАТА Е ГОЛЕМА РАК РАНА НА НАШИОТ НАРОД И НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА. Таа никому ништо добро не донела, напротив – само зло и проклетство! Затоа денес треба да одлучиме да објавиме ВОЈНА на пцовката. Да се бориме против неа, да ја искорениме од нашите срца, семејства и народ! Овде наведов некои примери кои покажуваат колку е погубна пцовката, а такви животни примери има илјадници. Во ниедно семејство каде што се пцуе нема Божји благослов. Да не дозволиме ѓаволот преку пцовката да ни го украде Божјиот мир, среќа и вечен живот.

КАКО ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ПЦОВКАТА? – СО МОЛИТВА! Секој ден кажи десет, дваесет пати:

  1. „Исусе, ослободи ме од пцовката“! и
  2. „Благословено е Името Исусово“! Ако тоа упорно го повторуваш – повеќе пати секој ден и ако твојата желба е искрена, ќе видиш, многу брзо Господ ќе те ослободи од оваа чума! И Божјиот благослов ќе дојде на тебе. Должни сме да ги преземеме овие чекори – и поради Исус, меѓутоа и поради своите семејства и својот народ.

Нека Господ те ослободи од пцовката и нека те благослови со силата на Своето Име!

Растимо у Господину/о. Дражен Радиговиќ

Превод:С.С.

Категорија: Колумни

За авторот