Започна третата вонредна Епископска синода. Папата Фрањо ги поттикна синодските оци да зборуваат јасно и да слушаат понизно

Папата на 6 октомври со краток наговор ја отвори работата на третата вонредна Епископска синода за семејството. Ги поттикна синодските оци слободно да зборуваат и понизно да слушаат. Со таквото душевно расположение се остварува синодалноста – рече Светиот Отец.

Јасен говор и понизно слушање се шините за одење во Синодата за семејството. Тие се основните душевни расположенија за вистинска синодалност, за заеднички напор. Во многу краткиот наговор Папата предложи важни насоки. Вие го носите гласот на месните Цркви, тој глас ќе го „внесете во синодалноста“ – рече Папата.

Голема е одговорноста да ја носиш реалноста и проблематиката на Црквата, да им се помогне на семејствата да одат по патот на Евангелието, а за тоа основен предуслов е јасниот говор. Никој нека не вели: „Ова не може да се каже, за мене ќе мислат вака или онака…“ Треба слободно да се каже сето она што некој го чувствува – рече Светиот Отец.

По последниот конзисториум на кој се зборуваше за семејствата; еден кардинал ми го напиша ова: штета што некои кардинали од почит кон Папата не се осудија да кажат некои работи, сметајќи дека Папата мисли поинаку – рече Папата, додавајќи:

Тоа не е добро, тоа не е синодалност, бидејќи треба да се каже сѐ она што некој го чувствува, треба да каже без заобиколување, без страв. А истовремено, треба понизно да слуша и со отворено срце да го прифати она што браќата го зборуваат. Со такво душевно расположение се остварува синодалноста – рече Папата.

Светиот Отец затоа поттикна „ве молам, за братско однесување во Господ: слободно зборувајте, а понизно слушајте. Правете го тоа мирно и спокојно, бидејќи Синодата секогаш се случува „cum Petro et sub Petro“  о Петар и под Петар. Присуството на Папата е гаранција за сѐ и за чување на верата – рече Светиот Отец.

Заблагодарувајќи на сите кои работеле и продолжуваат да работат за Синодата, на чело со кардинал Балдисери, Папата истакна дека сака духот на синодалноста да биде присутен при изборот на излагачите, главниот секретар и делегираниот преѕседател. Пост-синодскиот совет директно ги бираше првите двајца, а членовите на Советот ги избираа учесниците на последната Синода.

Бидејќи Папата ги избира претседателите на делегатите, бараше Синодскиот совет да предложи имиња; ги именував оние кои Советот ми ги предложи – објасни Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот