Заедничка изјава на претседателите на ССЕЕ и СЕС по повод 20 годишнината од Екуменската повелба
Заедничка изјава на претседателот на Советот на европски епископски конференции (CCEE) кардиналот Анџело Бањаско и претседателот на Конференцијата на европските цркви (CEC) Кристијан Криенгер по повод 20 годишнината од документот „Charta Oecumenica – Насоки за поголема соработка помеѓу Црквите во Европа, на 12 април 2021 година.
Последните 20 години на европскиот континент беше период на мир и унапредување на екуменските односи. Тоа се покажа на разни подрачја од секојдневниот живот од аспект на заедничко сведочење и екуменско делување на локално ниво, како и во браковите меѓу припадниците на различни вероисповеди. Постигнати се неколку теолошки договори и новата генерација на теолози е екуменски едуцирана.
Се јавуваа и некои меѓурелигиски иницијативи. Црквите ја зајакнаа својата работа и залагање за праведен и помирен свет меѓу останатите и заради зголемениот број на прилив на лица од другите континенти, и се зголемија напорите околу грижата за создадениот свет. Пораката содржана во документот на Charta Oecumenica придонесе и даде нова сила на целокупниот тој раст и за длабока промена. Заради мирот кој го живееме и постигнувањата на глобалното екуменско движење се радуваме и му се заблагодаруваме на Бог, нашиот Создател!
Додека ги вложуваме напорите околу Божјото Царство нашите општества и Цркви и понатаму се изложени на предизвикот на човечкиот грев и секаков вид поделби. На старите и новите поделби во Црквите потребно е зацелување, а општествените и економските нееднаквости бараат длабока промена на нашите ставови и структури. Постојаните закани на демократијата и природната животна средина бараат одново да се посвети внимание на целосноста на животот. Повторното избувнување на вооружени конфликти и терористички напади во некои делови на континентот во последните години бараат каење, простување и правда. Соочени со таа реалност, додека Црквата ја редефинира својата служба во екот на пандемијата со Ковид-19, заедно во духот на единството ја потврдуваме својата преданост на сведочењето на Христос како наш Спасител и на неговите ветувања за преобразен живот со силата на Светиот Дух.
Следејќи ја пораката на нашиот Господ изразена во 17 глава од Евангелието според Иван и во документот Charta Oecumenica „сите да бидат едно“, свесни сме дека единството на христијаните не е плод само на нашите човечки напори. Истовремено, тоа единство за кое Исус се молеше и трпеше мора да биде видливо на овој свет. Во таа смисла сакаме да бидеме алатка која служи на тоа единство и одново се обврзува за зајакнување на црковното заедништво преку молитвата и заедничкото делување, нудејќи ја истовремено својата служба со цел промовирање на правда и мир.
Кардинал Анџело Бањаско претседател на CCEE
Кристиан Криегер претседател на СЕС
Ватикан њуз/к.мк