Света Литургија за покојната с. Татјана Атанасова

Света Литургија за покојната с. Татјана Атанасова

Во среда 21 април 2021 година со почеток во 10.00 часот во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје по повод шест месеци од упокојувањето на сестра Татјана Атанасова, ќе се служи света Литургија за упокоение на нејзината душа.

Сестра Татјана – Евхаристинка, долги години го водеше Катедралниот хор во Скопје, а почина по кратко боледување на 21 октомври 2020 година.

Вечен покој дарувај и Господи и вечна светлина нека ѝ свети. Нека почива во мир. Амин.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот