Заврши шестата седница на Кардиналскиот совет

Во среда 17 септември заврши шестата седница на Кардиналскиот совет, кој го формира Папата за да му помогне во управувањето со Општата Црква и реформите во Куријата. За важноста на тридневно заседание говореше  патер Ломбарди на брифингот во Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Кардиналскиот совет го подготви нацрт Воведот на апостолската конституција, рече патер Ломбарди додавајќи дека тоа се првите плодови по периодот за проучување. Папата учествуваше на работата на советот, единствено беше отсутен за време на Генералната аудиенција, а на средбите овие денови се расправаше за две главни теми: за лаиците и семејството, како и за правдата, мирот и милосрдието, а станало збор и за мигрантите, екологијата и заштитата на животот. Се настојува да се организира управата на Црквата за да може да даде упатства и одредници во поглед на тие теми, истакна патер Ломбарди на брифингот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот