По барање на лекарите Папата го одложи патувањето во Африка

По барање на лекарите Папата го одложи патувањето во Африка

Светиот Отец е принуден да го одложи своето апостолско патување во Конго и Јужен Судан, кое беше закажано за почетокот на јули, изјави во петок 10 јуни 2022 година директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.

Прифаќајќи ги упатствата на лекарите, за да не се поништи напредокот на терапијата која сѐ уште е во тек поради болно колено, Светиот Отец за жал е принуден да го одложи своето апостолско патување во Демократска Република Конго и Јужен Судан од 2 до 7 јули, објави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.

Нов датум за апостолска посета ќе биде одреден подоцна. Патувањето во Африка вклучуваше посета на Киншаса и Гома во Демократска Република Конго и н Џуба во Јужен Судан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот