Молитвената накана на Папата за месец јули е за социјалното пријателство

Молитвената накана на Папата за месец јули е за социјалното пријателство

Молитвената накана на папата Фрањо за јули е објавена на 30 јуни и се заснова на библиските зборови „Кој најде пријател, пронашол богатство“.

Во видео пораката со посредство на Папската светска молитвена мрежа Светиот Отец го истакнува значењето на пријателството и близината и на почетокот му предлага на секој да ја надмина групата пријатели и да се ангажира во создавањето на општествено пријателство неопходно за добар соживот.

Папата зборува за „конкретно, реално“ пријателство кое се разликува од виртуелното пријателство на социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер: „Повторно да се среќаваме пред сѐ со сиромашните и најслабите; со оние на периферијата. Да се оградиме од популизмот кои го искористува човечкиот страв не нудејќи решенија, предлагајќи мистика која ништо не решава“, повика Папата.

Предлага спротивставување на општественото непријателство кое само уништува; напуштање на поларизацијата. Признава дека тоа не е лесно, посебно денес кога дел од политиките, општествата и медиумите се одлучија да создаваат непријатели за да победат во играта за моќ.

Решението за проблемот на непријателството е едноставно: Дијалогот е патот по кој реалноста се набљудува на нов начин за ангажирано да се соочи со предизвиците во градењето на општото добро, порача Папата и ги повика верниците на молитва за во социјалните, економските и политичките спорови храбро и ангажирано да настојуваат на дијалог и пријателство како мажи и жени кои секогаш да пружат рака на другиот и повеќе да нема место за непријателство и војна.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот