Заврши октомвриската побожност во Петралинци

Заврши октомвриската побожност во Петралинци

Во текот на целиот месец октомври посветен на Блажена Дева Марија, во католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“, во Петралинци се молеше Света Бројаница во домовите на верниците. Молитвата беше посветена за потребите на семејствата. Светата Бројаница ја предводеше парохот о. Ѓорги Појразов, заедно со децата од парохијата. По завршувањето на Светата Бројаница и молитвата кон свети Јосиф, парохот за време на заедничкиот разговор со семејствата ги потикна верниците да молат и понатаму Бројаница, бидејќи таа семејството го соединува. Октомвриската побожност заврши со заедничко молење Бројаница во црквата каде децата воедно ја искажаа нивната искрена благодарност кон Мајка Божја.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот