Животен план: Обид за влез во Небото

Животен план: Обид за влез во Небото

Животната цел на нас верниците е да се стигне во Небото, да се спаси душата. Епископот Роберт Вилјам Фин ни носи неколку корисни совети како таа цел да ја оствариме.

Нашиот живот се состои од многу планови, цели. Тие нѐ мотивираат, го насочуваат нашето делување и ги обликуваат нашите денови. Постои една, конечна цел, која ги надминува сите овие краткорочни, земски цели, а тоа е Небото.

Нашата крајна цел, како следбеници на Исус Христос и членови на Католичката црвка, е да се дојде во Небото и да им се помогне на другите и тие да го постигнат вечното спасение.

Секоја година посетувам годишен семинар како дел од сопствената доживотна формација. Во група од околу 25 свештеници (и епископи) од цела земја заедно молиме, ги делиме оброците и разговараме; исто така имаме и мини семинари на некои теолошки теми, понекогаш и на повеќе различни теми. Секоја есен свештениците од нашата епархија имаат слична програма под името „Денови на клерот“. Тоа ми е секако од помош во живеењето на својот повик.

Планот на животот

Но, што можеме да направиме за нашиот однос со Бог да расте од ден на ден? Овде ќе нагласам неколку елементи од „Планот на животот“, кој честопати го препорачувам. Можеби ќе ви биде корисно да ги земете во предвид и во вашиот живот. Но, имајте на ум дека има уште многу работи кои можете да ги додадете.

Утринско посветување

Како прва работа која ја правите кога ќе станете од креветот, е да му се предадете на Бог; целата своја работа, сите добри работи, предизвиците и навредите. Нив можеме да ги дадеме на Бог како чин на доверба и љубов. Ги посветуваме така што ги соединуваме со Него.

Молитва

Станувам рано за да имам еден час време за тивка молитва пред светата Литургија. Другите во молитва поминуваат половина час наутро, половина навечер. На некој начин ми е полесно да се вклопам во секојдневниот распоред на овој начин. Ако тоа го правам само повремено, се изгубувам. Поминувајте време со Исус Христос. Тоа е најважната работа.

Света литургиска жртва

Имам привилегија секојдневно да служам света Литургија. Јасно, сите сме должни да посетуваме Литургија во недела и празници. Можеби можете да одите на Литургија и некој друг ден. Замолете го Светиот Дух да ви помогне за светата Литургија да ви стане навика.

Бројаница или други молитви на посветување

Бројаницата ја додавам на своето време за „тивка“ молитва. На паровите и семејствата заедничката молитва Бројаница може да им биде многу значајна.

Духовно четиво

10 минути дневно читам некоја духовна книга. Животот на светците се добар избор. Читајте прекрасни книги. (…)

Само десет минути дневно е доволно за читање на прекрасно четиво.

Читање на Светото Писмо

Пет минути дневно; еден од начините тоа да го направите е да тргнете од почетокот на Новиот Завет. Читајте отприлика една глава дневно. Ќе го прочитате Новиот Завет отприлика за 9 месеци.

Став на светост или „натприроден поглед“

Мораме да живееме во светот со цврсти нозе на земјата. Имаме секојдневни обврски кои треба верно да ги извршуваме. Но, можеме да се обидеме секогаш да имаме на ум дека Бог е присутен; Тој е со нас. Тој ме сака мене и тебе. Затоа, ги извршувам своите обврски за Него: било да е тоа држање на настава во одделение, одење на состанок или чистење на подот. Сето тоа е за Бог, затоа давам се од себе со целиот свој напор.

Направете некоја жртва секој ден

Ова е како продолжен Велики пост во цела година. Не ставајте шеќер во кафето; изберете понеудобен стол; помалку време поминувајте пред ТВ или компјутер. Освен тоа, поработете на трпението со одредена личност во вашиот живот. Прифаќајте ги секојдневните крстови без приговарање. Напишете писмо или повикајте некој на кого му требате.

Одете на исповед:

Ова е многу важно за да останете во состојба на посветена милост и за да растете во светоста. Пробајте да се исповедате барем еднаш месечно. Со време ќе стане сѐполесно.

Дневен испит на совеста

Секоја вечер пред одење на спиење замолете го Светиот Дух за помош во преиспитувањето на изминатиот ден. Напревете чин на каење. Ова ќе придонесе за квалитетна исповед.

Клекнете пред спиење

Како додаток на чинот на каење, заблагодарете му на Бога за денот. Кажете Му што би сакале утре подобро да правите. Измолете три Радувај се Маријо и замолете ја Света Дева Марија за света чистота.

Ова се само неколку кратки предлози. Постојат и други „средства за раст во светоста.“ За раст пред сѐ е потребно време, но ова е начин својот живот да го предадете на Бог додека верно живеете во светот. Молам за вас и понизно ве молам и вие да молете за мене, како и за сите други свештеници. Да си помогнеме едни на други да влеземе во Царството Божјо.

Жена Врсна/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот