Слово за живот, јули 2020

Слово за живот, јули 2020

Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра и мајка“ (Мт 12, 50).

Евангелието по Матеј наведува еден настан од животот на Исус кој што може да изгледа неважен. Неговата мајка и роднините тргнале за Капернаум, каде Тој со неговите ученици ја навестувал Очевата љубов која важи за сите. Веројатно оделе долг пат за да Го најдат, бидејќи сакале да разговараат со Него. Тие не влегле внатре каде што бил Исус, туку Му испратиле порака: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе“.

Семејната димензија била сигурно многу важна за Израелскиот народ. Самите луѓе се сметале себеси за „синови“ Божји, наследници на Неговите ветувања, а неговите членови се сметале себе си за „браќа“.

Но, Исус отвора неочекувана гледна точка: со свечен гест на раката, Тој покажува на учениците и вели:

Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра и мајка“

Исус открива нова димензија: секој може да се чувствува дел од тоа семејство ако е посветен да ја спознае Очевата волја и да ја извршува.

Секој: возрасен или дете, маж или жена, здрав или болен, член на која било култура и социјален статус. Секој: секоја личност носи во себе слика на Бог на љубовта. Уште повеќе, секоја личност е Божје „ти“ на Бога и со Него може да влезе во однос запознавајќи се и спријателувајќи се.

Затоа, секој може да ја исполнува Божјата волја, а тоа е љубовта кон Него и братската љубов. И ако љубиме, Исус нè препознава како членови на неговото семејство: негови браќа и сестри. Тоа е нашата најголема шанса, која нè изненадува; нè ослободува од минатото, од нашите стравови и воспоставените обрасци. Од оваа гледна точка, ограничувањата и слабостите, исто така, можат да бидат отскочни даски кон нашето остварување. Сè што навистина прави квалитативен скок.

Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра и мајка“

На некој начин, дури можеме да бидеме Исусова мајка. Марија се стави на располагање на Бога, од Благовештението до Калваријата, а потоа и кај создавањето на Црквата. На овој начин, секој од нас може да помогне да се роди Исус во него живеејќи го евангелието и преку взаемната љубов може да придонесе за раѓање на Исус во заедницата.

Обраќајќи им се на оние што сакаат да го живеат Словото Божјо, Кјара Љубиќ повикала: „Бидете семејство. Дали има некој од вас кој поминува низ духовни или морални искушенија? Разберете ги како мајка и повеќе од мајка, осветлете ги со збор или пример. Не ги лишувајте од топлината на семејството, згора на тоа зголемете ја. Дали има некој од вас кој физички страда? Нека ви бидат вашите најмили браќа. […] Никогаш не ставајте никаква активност пред семејната атмосфера со браќата со кои живеете. И каде и да одите носете го Христовиот идеал, […] не можете да сторите ништо подобро од обидот да создадете семеен дух – ненаметливо, претпазливо, но одлучно. Тоа е смирен дух, кој им посакува добро на другите и не очекува … тоа е вистинска љубов “.

Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра и мајка“

Секој од нас може да открие во секојдневниот живот каква задача му доверува Отецот во градењето на големо човечко семејство.

Во една област на Хомс во Сирија, над сто и педесет деца, претежно муслимани, присуствуваат  воннаставни активности спроведени во училиште на грчката православна црква. Директорката на училиштето Сандра вели: „Нашиот тим наставници и професионалци прифаќа и помага во создавање семејна атмосфера заснована на дијалог и промовирање на вредностите. Многу деца се погодени од траума и страдање. Некои се апатични, други агресивни. Ние сакаме тие да ја вратат довербата во себе и во другите. Иако семејствата се разделени многу време поради војната, тие ја наоѓаат тука желбата и надежта да започнат одново “.

Летиција Магри

Категорија: Вера, Духовност

За авторот