Всушност сум среќна кога му служам

Всушност сум среќна кога му служам

Драга Јулија, една од големите заблуди на нашето време е идејата дека служењето е понижување. Каква катастрофална грешка! Служењето не ја загрозува апсолутната метафизичка еднаквост на човековите суштества: мажите и жените честопати мораат да свират на различни инструменти во големата синфонија на животот.

Сите личности, без обзир на тоа дали се мажи или жени, имаат иста човекова природа и еднакво достоинство. Сите се создадени на слика и прилика Божја; сите имаат разум, слободна волја и срце слободно за љубов. Сите имаат бесмртна душа и наменето им е секогаш да уживаат во Божјата вечност.

За жал, еднаквото достоинство на личностите честопати погрешно се толкува како истоветност, односно луѓето мислат дека со тоа се подразбира дека „сите личности се еднакви во сѐ“. Но, еднаквоста на достоинството очигледно не е иста како еднаквоста на талентите или телесните способности. Можеш ли воопшто да замислиш жена која со маж се натпреварува во бокс?! Мажите трчаат побргу, пливаат побргу и телесно се посилни.

Еднаквоста на достоинството не значи ниту дека служењето на една личност на друга би било понижувачко. Токму спротивното, како што Платон рекол: „Човекот повеќе би требало да се гордее со своето добро служење отколку со своето добро заповедање“. Христијанството оди и уште подалеку од тоа тврдење дека големината на битието е во служењето: „Оној кој сака да биде прв, нека ви биде слуга на сите“. Христијанството тврди дека Христос, нашиот ЦАР, не дојде помеѓу луѓето да му служиме, туку Тој да послужи. Набљудувањето на овој факт ќе помогне во борбата против искушениејата дека куќните работи ги доживуваш како понижувачка служба, а Мајкл како наредбодавец кој извлечува корист од твојата подреденост. (Сети се исто така дека Мајкл ти служи на тебе со своите работи надвор од куќата и во поделувањето на куќните работи.)

Ваквите размислувања ќе ви бидат од помош за вашата работа нвоиз куќата и во канцеларијата и да ги сфатите како благородно служење, а не како бескраен циклус на ситни, бесмислени задачи.

Понижувачко би било некој да ве присилува на служење (иако оној кој ги присилува другите на служење, се понижува самиот себе си многу повеќе од другите). Но слободното одбирање да им служиме на другите е знак на љубов и победа на слободата над безвредното гордеење.

Помисли на мајката која толку многу се грижи за своите деца од љубов, деноноќно. Мислиш ли дека таа е роб и дека тоа служење понижува? Или таа, занемарувајќи ја својата сопствена комоција, станува пример на возвишена љубов која израдува преку нејзината тешка служба? Како мајка која несебично се грижи за своето дете, и личноста која сака да пронајде радост во служењето на своите сакани.

Желно го очекувам твоето јавување додека вас двајцата, секој според својот повик, одете по патот на служењето на полната љубов.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство
Ознаки брак, служење

За авторот