Жената во центарот на Извештајот за социјалната наука на Црквата

Во салата на Радио Ватикан беше презентиран Шестиот извештај за социјалната наука на Црквата.

Улогата на жената во денешните политики е во центарот на шестиот извештај за социјалната наука на Црквата, кој на 3 март беше презентиран во салата на Радио Ватикан. Извештајот беше насловен како „Револуција на жената, жената во револуција“.

Човекот кој од секогаш го сметавме за проект, денес стана лабораториски производ за пазар – рече надбискупот на Трст Џампаоло Крепалди претставувајќи го извештајот за Социјалната наука на Црквата за 2013 година. Иако тоа беше посебна година заради повлекувањето на папата Бенедикт XVI и изборот на папата Фрањо, сепак имаше транспарентен континуитет во општествената, економската и етичка рамка, почнувајќи од вниманието кон нееднаквостите и последните.

Монсињор Фабиано Лонгони, директор на Канцеларијата за социјални проблеми и работа при Италјанската бискупска Конференција, говорејќи за извештајот во интервју за Радио Ватикан, ја истакна логиката на мисијата, излезот и предлогот. Овој Папа нѐ поттикнува да излеземе да сведочиме за апсолутните вредности во кои мора да веруваме – рече монсињор Лонгони.

Миграцијата и верската слобода, пристапот на лекување, драмата на гладот во светот, културолошките последици од веб страниците (‘глобалната мрежа’) како и заканата од нуклеарниот тероризам беа најголеми предизвици за дипломатијата на Светиот Престол во 2013 година. Примената на социјалната наука на Црквата не е насекаде идентична, вели надбискупот Крепалди.

Ако го набљудуваме Југот, во црковниот свет се зголемила свеста. Но за жал, мора да признам дека во Европа се намалило вниманието; се забележува замор – рече надбискупот Крепалди.

Во центарот на овој извештај е жената која е „напаѓана како сопруга и како мајка“, стои во извештајот. Поттикнувањето за хетерологни оплодувања и изнајмување на матката создава „пазар на мајчинството“. Жените долго време беа чувари на животот, додека денес мора да ја чуваме човечноста. Ние сме се упатиле по патот на дехуманизацијата. Раѓањето се откоренува од веконвните корени, односно од односот со телото и се заменува со два начина: едниот начин е апстрактно, а другиот материјално. Материјалното е во лабораторијата, додека апстрактното на пазарот – објасни италијанската претставничка Евгенија Рочела, а потоа се осврна и на родовата теорија.

Денес во мода е погрешно сфаќање на чувство на еднаквост, т.е. изедначувањето помеѓу мажите и жените; посебно се промовира родовата идеологија и идејата дека родот е нешто променливо, нешто што може да се избира, што со тек на времето може и да се менува; дека родот не зависи од телото и биолошката разлика. Верувам дека, во крајна линија, така ја разбираат жената и мајчинството – заклучи Рочела.

РВ/З.А

Категорија: Ватикан

За авторот