Етиопија: Во масакр во црква убиени стотина луѓе

Етиопија: Во масакр во црква убиени стотина луѓе

Најмалку 750 луѓе се убиени во напад на православна црква во Аксум во етиопскиот регион Тиграј во саботата на 9 јануари, објави Catholic News Agency.

Нападот го извршија одреди на етиопската влада и амхарската милиција. Се проценува дека во моментот на нападот во црквата имало најмалку илјада луѓе. Се сокривале во црквата, а напаѓачите ги изведувале на плоштадот пред црквата и ги стрелале.

Локалното население тврди дека напаѓачите сакале да го украдат Ковчегот на Заветот кој се чува во црквата и да го однесат во Адис Абеба. Наводно Ковчегот во кој се плочите со Божјите заповеди, делови од Светото Писмо, жезалот на Арон и маана се чуваат во црквата Мајка Божја од Сион која припаѓа на Етиописката православна тевахедо Црква. Таа Источна Црква има околу 36 милиони членови. Ковчегот го чува еден свештеник кој никогаш не го напушта и само тој смее да го види. Заради традицијата за правото на Ковечегот на Заветот е предмет на расправа веќе со векови. (…)

Папата Фрањо и католичките епископи на тоа подрачје во ноември повикуваа на мир и дијалог. Според податоците на ООН од почетокот на војната десетици илјади луѓе побегнале од Тиграј во Судан.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот