Епископска Синода: Новини во работата

Повеќе простор за дискусии во мали работни групи, чии извештаи ќе бидат објавени. Ова е една од новините за претстојната Синода на епископите посветена на семејството.

Ова беше објавено од страна на кардиналот Лоренцо Балдисери, генерален секретар на Епископската Синода, за време на брифингот со новинарите во Ватиканскиот прес центар.

„Малите работни групи ќе бидат 13, поделени по јазични групи, а за време на нивните дискусии ќе можат евентуално да интервенираат и слушателите и братските делегати“, прецизира кардиналот.

„Голем дел од синодалните отци – истакна кардиналот Балдисери – понудија синодалното собрание да биде динамично и со поголемо учество на присутните, преку ширењето последователно на изјавите во салата од поединечните членови“. Трите работни недели на Синодот, ќе бидат посветени соодветно на трите дела на Работниот документ за Синодата. На крајот на секоја недела, ќе бидат објавени извештаите од малите работни групи: 13 секоја недела или вкупно 39 за целата Синода.

За време на почетната седница, претседателот делегат ќе се обрати кон Папата, кој ќе ги отвори работните сесии. По него свој говор ќе одржат генералниот секретар, генералниот известувач со нивните извештаи, а генералниот известувач ќе ги претстави и темите за првиот дел. По сведоштвото на двајца сопружници – во својство на слушатели – ќе започнат говорите на синодалните отци во генералните конгергации. По нив ќе почнат да работат малите групи.

Комисијата за изработката на финалниот извештај ќе биде составена од вкупно десет синодални отци, назначени од Папата, претставници на пет континенти (како еден за Северна и еден за Јужна Америка) плус тројца назначени службено (генерален секретар, известувач и специјален секретар) и едно богопосветено лице. Нејзината задача е да ја следи секоја фаза од изготвувањето на текстот, со кој ќе заврши Синодата. На крајот на секоја од трите работни фази, Комисијата ќе изработи проект на финалниот извештај, кој ќе биде претставен во аулата како плод на текстовите изработени во малите работни групи. Конечниот текст на финалниот извештај ќе биде претставен утрото на 24 октомври во синодалната сала, а попладне ќе биде изгласан од синодалните отци, пред да биде предаден на папата Фрањо.

За време на работата на Синодот, секој предавач ќе има право да зборува три минути и да се искаже подетално во малите работни групи. Како и во минатото, во текот на секоја Генерална Конгрегација е предвиден еден час со слободни искази на синодалните отци, кои ќе имаат можност да му ги презентираат на Генералниот секретаријат на Синодата, своите текстови во писмена форма.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот